Одбери колекција

Разгледај ги сите производи

9201 Семејна крема, 150мл

Содржи екстракт од кантарион и невен, ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на екстракт од кантарион и невен и внимателно одбрани природни состојки, мелемски и козметички делува на кожата. Не се отстранува во целост во допир со вода. Прочитај повеќе…

9200 СПА крема, 100мл

Во кремата се вградени сок од краставица, екстракт на невен и јојоба масло. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките. Прочитај повеќе…

9217 Природна крема, ноќна, 60мл

Природната крема е составена од природни суровини: жолт пчелин восок, цетацеум, јојоба масло, прополис и екстракт на липа. Кремата има антиоксидантно и биостимулативно дејство. Создава полупропустлив филм за водата, го успорува стареењето. Може да ја наречеме – био крема,„anti AGE”. Прочитај повеќе…

9219 Дневна крема со сребрена вода и екстракт на невен, 100мл

Масните материи од екстрактот на невен на кожата оставаат невидлив филм кој ја храни и ја прави исклучително мека, додека водените супстанции предизвикуваат зголемена циркулација. Во оваа крема е вградена сребрена вода која ја прави уште поефикасна во својата задача. Со секојдневна употреба покрај нега овозможува отстранување на акни и егземи. Прочитај повеќе…

9206 Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина, 50мл

Хармонична композиција на база на природни суровини со козметички квалитет, витамини, растителни масла: јојоба, бадемово, рицинусово и масло од ночурак, колаген и хијалуронска киселина. Кремата е богата со есенцијални масни состојки неопходни за создавање на нови ќелии. Прочитај повеќе…

9115 Дневна крема против брчки со Q10 и хијалуронска киселина, 50мл

Со витамини и благи материи, рицинусово масло и хијалуронска киселина. Со употреба на кремата кожата станува затегната и нежна, а брчките се видливо намалени. Коензимот  Q10 е многу моќен антиоксиданс, така што ги неутрализира слободните радикали и покрај дејството на негативните фактори на средината како што се УВ зраците и загадувањето и со тоа ја поттикнува синтезата на колагенот и еластинот. Прочитај повеќе…

9204  Ноќна антирид крема, со колаген, 15мл 

Содржи суровини со козметички квалитет: пчелин восок, билни масла како, јојоба, рицинусово, бадемово масло, витамин Е и витамин А, колаген, хијалуронска киселина. Комплексот на биоактивни материи од кремата преоѓа во подлабоките слоеви на кожата, исправајќи ги постоечките и спречувајќи го формирањето на нови брчки. На кожата и се враќа еластичноста и влажноста. Прочитај повеќе…

9116 Дневна антирид крема со Q10, 15мл

Содржи Неодермил, витамини, екстракт на квасец, корен на билката Див јам за подобар ефект на производот. Кожата во пределот околу очите станува хидрирана, негувана и здрава. Прочитај повеќе…

9308 Лимес 21 крема, хранлива формула за сите типови на кожа, 50мл

Содржи 21 активна состојка, меѓу кои внимателно одбрани ретки билки од целата планета и витамини. Поттикнува регенерацијата на кожата, ги намалуваа брчките не само по длабочина туку и по волумен, овозможува висока хидратантност и го смалуваа интензитетот на пегите и флеките. Прочитај повеќе…

9218 Тоник за чистење лице, 200мл

Тоникот содржи  екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол. Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници, што спречува нејзино сушење и лупење. Има антисептичко и антифлогистичко дејство, што значи ја чисти, храни и ја чува кожата од негативни надворешни влијанија. Прочитај повеќе…

9117 Еколошка ракавица за отстранување на шминка

Темелно и брзо ја отстранува шминката и нечистотиите од лицето, го масира лицето и ја подготвува кожата за понатамошен третман. Го успорува процесот на стареење. Не иритира, па затоа таа е погодна и за чувствителна кожа. Прочитај повеќе…

9311 Мицеларна вода, 200мл

Единствена формула која содржи екстратк на невен и масло од памук богато со витамин Е ,кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавање на брчки. Нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум, и ја хидрира кожата на лицето, без да ја иритира. Прочитај повеќе…

9312 Пилинг крема 100мл

Пилинг кремата во својот состав содржи висока концентрација на екстракт на камилица, какао путер, рицинусово масло и мелени лушпи од семки од кајсија. Наменета за сите типови на кожа. Посебно се препорачува за нега на сува, рапава и испукана кожа. Прочитај повеќе…

9118 Млеко за лице и тело со Q 10 200мл

Врвно, повеќенаменско хидратантно млеко за нега на лице и тело. Исклучително блага и брзо впивачка текстура. Формула на млекото со алантоин и екстракт на невен. Со редовна употреба на млекото за кожа, брчките ефикасно се намалуваат, а нивното враќање и создавање  на нови е спречено. Q10 ефикасно ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Прочитај повеќе…

9211 Млеко за тело со алое 200мл

Содржи екстракт на Алое и невен, витамини А и Е. Млекото ја храни кожата, моментално ја хидрира и и ги дава потребните витамини, минерали, амино киселини, ензими, сапонини, стероли, незаситени есенцијални масни киселини.. Млекото не само што ја негува кожата туку има и лековито дејство, бидејќи активните супстанции кои ги содржи Алоето, спречуваат инфекции и овозможуваат побрзо зараснување на рани,  изгоретини, смрзнатини. Прочитај повеќе…

9108 Антибактериски течен сапун 250мл

Содржи екстракт на босилек, глицерин и октопирох. Антибактерискиот течен сапун претставува идеална комбинација на екстракт на босилек и активни компоненти кои делуваат на широк спектар на бактерии. Се употребува за секојдневно миење на раце, тело и интимна нега. Со комбинација на овој сапун и семејна крема добиваме лековити, мелемски ефекти. Прочитај повеќе…

9107 Течен сапун за лице и тело 500мл

Содржи екстракт на босилек, ајдучка трева, невен и глицерин. Ја негува кожата и ја дезинфицира. Делува антибактериски и антисептички, ја смирува кожата која е наклонета кон воспаленија, помага на епителизацијата, ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта, ја храни и хидрира кожата. Прочитај повеќе…

9403 Касталим гел 100мл

Ефикасноста на производот се добива со синергетско дејство на природниот екстракт од див костен, додаток на екстракт на босилек, а сето тоа поврзано со природно масло од неибежната билка мента пиперита. Помага кај: болки, напнатост во нозете, отоци, ја подобрува циркулацијата, постепено ги отстранува проширените капилари, дава ефект на ладење. Прочитај повеќе…

9404 Спортлим гел 100мл

Содржи ментол, арника, камфор, етерично масло од чајевац, екстракт на лута пиперка, етерично масло на каранфилче. Со локална употреба ги намалува последиците од повреди (спортски, ревматски и болки во зглобовите, ја олеснува главоболката и проблемите со синусите, ги намалува симптомите на настинка и грип. Прочитај повеќе…

9401 Мелем против потење на нозе 150мл

Содржи екстракт на босилек и витамини. На многу ефикасен начин се спречува размножување на бактерии и габички на површината на кожата на нозете. На тој начин не доаѓа до разложување на потта што директно го елиминира непријатниот мирис на нозете. Мелемот не ја пореметува природната секреција на нозете туку го неутрализира непријатниот мирис, што и дава свежина на кожата. Прочитај повеќе…

9402 Петалим 150мл

Петалим кремата се базира на природно масло од цветови на невен и глицерин. Наменета е за лечење и нега на испукана кожа на петици, стапала, лакти.. На кожата и ја враќа мекоста и еластичноста, и ја прави мазна само за неколку дена нанесување на кремата. Конципирана е така што  кремата делува на задебелениот дел на кожата, ја омекнува и овозможува полесно отстранување на задебелените ќелии. Прочитај повеќе…

9203 Галант крема 100мл

Безбојна крема, содржи ланолин, парафин, вазелин, мирис на јасмин, ги негува и ги штити сите предмети од природна и вештачка кожа. На кожата и дава исклучителен сјај и ја омекнува. Со кремата повремено може да се намачкаат петиците, лактите и на тој начин се спречува создавање на задебелувања, постоечките се отстрануваат, а петиците и лактите стануваат меки и еластични. Прочитај повеќе…

9405 Хемолим 35мл

Гел против хемороиди содржи екстракт на див костен, екстракт на храстова кора и други природни компоненти вградени во форма на гел од кој сите активни материи лесно се ресорбираат и прават релативно брз ефект на делување. Помага на лица кои имаат проблеми со проширени вени во дебелото црево (хемороиди). Прочитај повеќе…

9208 Крема за нега и заштита на раце 100мл

Содржи силиконско масло, витамински компоненти, екстракт на невен, коприва и глицерин, есенцјално масло од камилица, лилиал, цитронелол, стеаринска киселина, палмитинска киселина, арома на јасмин. Формулацијата на кремата е скоро немасна, при употреба лесно се впива во кожата при што доаѓа до нејзина хидратација, со истовремено создавање на тенок филм на кожата кој спречува губење на влагата. Прочитај повеќе…

9220 Нокталин 60мл

Крема за нокти, заноктици и раце за цврсти и убави нокти. Содржи сорбитол, исопропил миристате – подобрувач на кожата, стеаринска киселина, парафинско масло, Д-пантенол, екстракт од цвет од невен, токоферол ацетат – витамин Е. Кремата е наменета за секојдневна нега на рацете, одржување на здравјето на ноктите и подноктиците, како и за регенерација на оштетени, крути и меки нокти наклонети кон пукање и листање. Прочитај повеќе…

9310 Флора крема 225мл

Флора е крема за нега, ревитализација, релаксација и масажа на телото која содржи комбинација на растителни масла: невен, бадем и маслинки, и витамински комплекс. Збогатена е со Shea Butter и етерично масло од портокал. Погодна е за сува и чувствителна кожа. Ги ублажува симптомите на егземи, псоријаза и лузни, а има и антицелулитен ефект. Прочитај повеќе…

9309 Флорафит масло за масажа 200мл

Содржи масло од бршлен и етерско масло од порткал, витамин Е. Ги елиминира вишокот на течности и токсини и се бори против масни наслаги. Идеално решение против целулитот. Ја забрзува циркулацијата и метаболизмот. Ги смалува масните наслаги. Ја затега и зацврстува кожата. Одличен за сува кожа, псоријаза, егземи. Прочитај повеќе…

9207 Антицелулит крема гел 200мл

Антицелулит крема гел е врвен производ кој во себе содржи најквалитетни супстанции меѓу кои екстракт на бршлен, екстракт на див костен, витамин Е, јојоба, рицинусово масло, метилпарабен (анти-габичен агенс), лимонен, кумарин, екстракт од камилица, исопропил миристате -подобрувач на кожата, гераниол. Оваа формула на база на билки, освежува, го намалува заморот на кожата, го намалува целулитот и го регулира вишокот на масни наслаги. Посебен ефект постигнува кај луѓе кои имаат проблеми со вени. Прочитај повеќе…

9112 Крема за после сончање – Лимес сан 200мл

Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надополни изгубената влажност и еастичност. Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречува развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата. Прочитај повеќе…

9111 Ароматична био сол со невен и босилек 450гр

Ароматична сол за капење со додаток на екстракти на лековити билки, се состои од растворливи соли кои имаат смирувачки ефект и дезинфекционо дејство. Мешавина од најквалитетни ноти која ја освежува кожата и целото тело, спречува сушење и ја чисти кожата. Има терапевтско дејство бидејќи помага при несоница, главоболка и воспаление на мускулите, жуљеви. Прочитај повеќе…

9120 Леди купка со невен и алантоин 250мл

Кремаста формула со интензивен мирис која нежно ја чисти и ја омекнува кожата. Содржи активна материја алантоин и природен екстракт од цвет на невен кои благотворно делуваат на кожата. Присуството на благи компоненти доведува до освежување на кожата и и дава дополнителна хидратација и сјај. Кожата по третманот станува совршено чиста, миризлива и негувана. Купката е наменета за сите типови на кожа. Прочитај повеќе…

9121 Гентлемен со невен и алантоин 250мл

Содржи екстракт на невен и алантоин, хијалуронска киселина, и други активни материи кои делуваат на кожата и косата и по употребата стануваат совршено хидрирани, миризливи и негувани. Идеална комбинација за секојдневна употреба. Гелот за туширање 3 во 1 се употребува за миење на косата, на лицето и на целото тело. Прочитај повеќе…

9212 Дезодоранс Алое Вера 100мл

Со благ мирис на Алое, е наменет за лица кои употребуваат свој парфем. Дезодорансот има благ мирис на Алое Вера кој брзо испарува така што не влијае на мирисот на дезодорансот кој се употребува, а при тоа го неутрализира непријатниот мирис. Прчитај повеќе…

9213Дезодоранс Алое Вера Тесар 100мл

Со благ мирис на Тесар, а воедно го неутрализира непријатниот мирис. Дава мирисна свежина во текот на целиот ден. Прочитај повеќе…

9202 Мирисна крема 30мл

Мирисна крема од растително потекло, која содржи благ мирис на Тесар. Не содржи алкохол, па со самото тоа ја негува кожата и трае подолго од стандардните парфеми, бидејќи помалку испарува. Заменува 100мл парфем. Прочитај повеќе…

9119 Парфемска крема 30мл

Освежителна мирисна нота за нега на Вашето тело. На кожата и дава мирисна свежина и пријатност во текот на целиот ден благодарение на единствената формулација. Ги штити и негува површините на кои се нанесува. Прочитај повеќе…

9222    Ролон женски 30мл

Дава сигурна заштита од потење и непријатен мирис во текот на 48 часа. Активните принципи од екстрактот на коприва ја дезинфицираат кожата пред потење, додека триклосанот го спречува создавањето на непријатна миризба, а на кожата и дава двоен ефект, свежина и пријатен мирис. Прочитај повеќе…

9223 Ролон детски 30мл

Дава сигурна заштита од потење и непријатен мирис во текот на 48 часа. Активните принципи од екстрактот на коприва ја дезинфицираат кожата пред потење, додека триклосанот го спречува создавањето на непријатна миризба, а на кожата и дава двоен ефект, свежина и пријатен мирис. Прочитај повеќе…

9221    Ролон машки 30мл

Дава сигурна заштита од потење и непријатен мирис во текот на 48 часа. Активните принципи од екстрактот на коприва ја дезинфицираат кожата пред потење, додека триклосанот го спречува создавањето на непријатна миризба, а на кожата и дава двоен ефект, свежина и пријатен мирис. Прочитај повеќе…

9305 Лосион за после бричење ,,For mеn“ 135мл

Лосионот е направен од посебно одбрани суровини: етил алкохол, екстракт од коприва, борна киселина, алантион, кремафор. Лосионот има антибактериски и дезинфекциони својства. Го коригира штетното влијание на бричењето, ја враќа маснотијата на лицето, со создавање на тенок слој на кожата. Прочитај повеќе…

9205 Беби крема  55мл

Идеална комбинација на екстракт од камилица (Chamomilla matricaria) и внимателно одбрани природни масни материи и активни компоненти. Екстрактот на камилица на кожата и дава влажност, ги спречува гнојните воспаленија, го забрзува зараснувањето на раните, опушта. Помага кај акни, алергии, измрзнатини, инфекции на рани, изгоретини и пликови. Кремата има антибактериски својства. Прочитај повеќе…

9113 Детски шампон купка 250мл

Содржи природни активни материи и екстракт на камилица. Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително, смирувачки и антибактериски на кожата.  pH вредноста е приспособена на кожата, со што во потполност е заштитена нејзината природна обвивка и кожата станува чиста и нежна без воспаление, сушење и лупење. Прочитај повеќе…

9114 Беби шампон купка 250мл

Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол. Jа омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Jа омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата. Прочитај повеќе…

9210 Паковање за коса 250мл

Производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед. Во комбинација со шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. Одличен за расчешлување на виткана коса дури и кај мали дечиња. Прочитај повеќе…

9400 Косалим 150мл 

Содржи екстракти на: цвет од невен, камилица, дрво ариш, зелен чај, плод на чичак (магарешки трн), лист од коприва; Д – пантенол, Алантоин, Хијалуронска киселина, Глицин, Цинк. Косалим е комбинација на природни екстракти на лековити билки, кои имаат широк спектар на дејство на раст и зачувување на здрава, сјајна и цврста коса, и биоактивна супстванција која е клинички испитана во Швајцарија. Испитувањата и анализата на добиените резултати покажале дека доаѓа до зголемување на густината на косата, се поттикнува растење на косата, до 10.000 нови влакна и поттикнува обновување на кожата на главата. Прочитај повеќе…

9109 Шампон против првут 250мл

Содржи октопирокс, екстракт на невен и кантарион, глицерин. Во комбинација со екстракти на лековити билки и активните компоненти, интензивно се отстранува првутот. pH е неутрален. Се користи за секојдневно миење на косата и заштита од првут. Прочитај повеќе…

Шампон за секој ден (9105) 500мл, (9106) 250мл

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин. Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа. Прочитај повеќе…

Шампон за сува коса (9101) 500мл, (9102) 250мл

Шампонот содржи екстракт на кантарион, невен и глицерин. Се употребува за миење на косата и за туширање. Заради тоа што содржи екстракт на кантарион се препорачува на лица со оштетена и фарбана коса. Шампонот на база на екстракт на невен и кантарион ја регенерира сувата коса и и дава нормален изглед. Прочитај повеќе…

Шампон за масна коса (9103) 500мл, (9104) 250мл

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва. Се употребува за миење на косата и за туширање. Ја намалува маснотијата. Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост, станува мека и мазна. Се намалува бројот на миења. Прочитај повеќе…

9110 Интензивен балзам плус 250мл  (Кондиционер со протеин)

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од  сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост. Прочитај повеќе…

9209 Силико серум капки 30мл

Содржат специјална формула за заштита на фарбана коса , збогатени со витамин Е и средство за регенерација на оштетените краеви на косата. Еколошко средство, ја храни, обновува и го зголемува сјајот на косата. Специјална формула на комбинација на силикон за нега и заштита на оштетени ,,расцветани“  краеви  и сува коса. Прочитај повеќе…

9216 Гел за коса 250мл

Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон. Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед. Прочитај повеќе…

9630 Органски шампон Санус 200мл

Содржи екстракт на невен, коприва и масло од пченични никулци. БЕЗ СУЛФАТИ, СИЛИКОНИ И ПАРАБЕНИ. Се употребува за миење на косата, и дава сјај, ја негува и хидрира. Одличен е за регенерација на сува и оштетена коса. Го зајакнува коренот на влакното и ја негува чувствителната кожа на главата. Има благ кондиционирачки ефект. Прочитај повеќе…

9214 Лак за коса 225мл

Нова формула на еко лак за коса со билни екстракти на бреза и коприва. Лакот не содржи туткал. Успешно ја формира косата во саканите облици. Ја негува косата давајќи и природен сјај и здрав изглед. Активните компоненти поволно влијаат на коренот на косата. Прочитај повеќе…

9301 Концентрирана паста за заби Росадент 100гр

Квалитетна паста со билни екстракти на кантарион, босилек, нане и жалфија, мирисни и лековити билки од подножјето на Стара планина. Содржи специјални полнила LP со заоблени честици кои даваат ефект на ,,меко“ чистење, без оштетување на површината на забите и во исто време делува како полирачко средство, а одлична е и при парадентоза. Прочитај повеќе…

9302 Концентрирана паста за заби Беладент 100гр

Содржи екстракти на лековити билки:  камилица, босилек, кантарион и жалфија. Квалитетна паста со антибактериски систем. На природен начин ги штити Вашите заби и непца. Го освежува здивот, има пријатен вкус и антибактериско дејство. Дава блескава белина на Вашите заби. Прочитај повеќе…

9306 Спреј за здив 25мл

Еколошко, антибактериско средство кое покрај квалитетните активни компоненти содржи екстракти на лековити билки:  кантарион, босилек, нане и жалфија. Се употребува за испирање на устата и грлото.  Многу е добар за заштита од настинки, за пушачи, асматичари. Прочитај повеќе…

9303 Росафреш водичка за плакнење на уста 80мл

Содржи активни компоненти и екстракти на лековити билки: босилек, кантарион, нане и жалфија. Водичката за уста ги плакне нечистотиите, односно талозите на забите и непцата, овозможува пријатен и свеж здив.  Делува антибактериски, штити од воспаление на грлото и непцата и помага во лечење на афти и ранички во устата, има и антисептичкото дејство, антимикробно, аналгетско и дезинфекционо дејство. Превентивно делува против кариес, спречува создавање на каменец. Прочитај повеќе…

9001 Паста за домаќинство 550гр

Содржи екстракт на босилек и глицерин при што многу делотворно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и замастени површини од сите типови на нечистотии, кое истовремено дезинфицира и дезодорира. Прочитај повеќе…

9016 Сјај абразив 600гр

Средството е антибактериско и не содржи алкалии и фосфати. Без гребнатинки отстранува маснотии, каменец, рѓа, нечистотија од предмети и површини од нерѓосувачки челик, керамика и порцелан (плочки, WC школки, лавабоа, кади…), емајл. Ја отстранува мувлата од сите површини. Прочитај повеќе…

9004 Санитарен гел500мл 

Санитарен гел е средство за чистење и одржување на хигиена во Вашиот дом. Содржи биоразградиви и активни материи, средства за дезинфекција и освежување, екстракт на босилек и мирис на бор. Не содржи киселини, алкалии и фосфати. Прочитај повеќе…

9003 Концентрат за стакло 500мл

Содржи екстракт на босилек кој има антибактериско својство и пријатен мирис. Чисти и дезинфицира, му дава висок сјај на стаклото,  остава богат заштитен филм кој спречува задржување на капките од вода и го намалува ефектот на валкање. Стаклата не се замаглуваат и не замрзнуваат на температура до – 5 степени целзиусови. Прочитај повеќе…

9307 Антистатичко средство за стакло 25мл

Еколошко биоразградиво средство кое содржи квалитетни површински активни компоненти како и екстракт на босилек кој е познат како дезинфекционо средство. Се употребува за чистење на стаклени и сите останати површини кои бараат сјај и чистина. Се препорачува за чистење на очила, компјутери, мобилни телефони… Прочитај повеќе…

9009 Концентрат за теписи 500мл

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи. Се употребува за машинско и рачно перење на теписи, мебел, капути, авто седишта, навлаки, може да се употребува во сите машини со четки. Не предизвикува штетни и непријатни испарувања. Прочитај повеќе…

9008 Универзален концентрат 500мл

Содржи екстракт на босилек и невен, глицерин, биоактивни материи. Може да го замени било кој концентрат од колекцијата Селекта. Ефикасно чисти стакло, порцелан, керамика, дрво, обоени површини, а може да се употребuва и за миење на автомобили и машини. Прочитај повеќе…

Концентрат за садови (9007) 500мл, (9017) 250мл

Содржи екстракт на босилек и глицерин. Лицата со многу чувствителна кожа можат да го употребуваат без заштитни ракавици. Одмастува и во потполно ладна вода, дезинфицира и на садовите им дава висок сјај. Не остава дамки на стаклото и приборот за јадење. Ги одмастува и одводните цевки. Успешно ја смирува егземата и псоријазата. Прочитај повеќе…

9018 Мулти стронг гел 500мл – Концентрат за машинско миење садови

Содржи екстракт на босилек. Благодарение на врвната формула целосно ги отстранува и најтврдокотрните дамки, дава блескав сјај на садовите, а при тоа ја штити нивната површина. Ефикасно ги отстранува остатоците од храната, лесно се плакне. Прочитај повеќе…

9014 Тепих шампон 500мл

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви материи. Квалитетно и без оштетување отстранува нечистотии на прекривки, теписи, стази и слични површини. Екстрактот на босилек во формулата на овој производ има ефект на дезинфекција. Прочитај повеќе…

9013 Концентрат за чистење на мермер 500мл

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви материи. Специјално средство за чистење на сите  видови на тврди ѕидни, подни и други мермерни керамички, бетонски и слични површини. Може да се употребува и во затворени простории затоа што нема штетни испарувања. Има освежувачко дејство и благ мирис. Производот е  наменет е за рачно и за машинско чистење. Прочитај повеќе…

9002 Паста за раце 550гр

Содржи екстракт на невен и глицерин, благотворно делува на кожата. Заменува 2.5 килограми обична паста за раце. Идеална за чистење на многу извалкани раце при работа во индустрија, механички работилници, занаетчиство, рударство и земјоделство. Успешно ги отстранува нечистотиите од машинско масло, моторно масло, нафта и сл. Прочитај повеќе…

9011 Концентрат за подови 500мл

Содржи висок процент на површинско активни материи кои со екстрактот на босилек имаат антибактериско дејство. Погоден е за рачно и машинско чистење на бетонски, кисело-отпорни, керамички, пластични и сл. подни површини. Може да се употребува за чистење на подови во хали, аеродроми, кланици итн. Прочитај повеќе…

9006 Концентрат за облека 500мл

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи. Се употребува за рачно и машинско перење на облека. Погоден е за нежни ткаенини и ткаенини во боја. Се употребува за сите видови на памучна, синтетичка, целулозна и свилена облека. Одлично ги отстранува сите видови на нечистотии. Еколошки производ, без алкали и фосфати. Прочитај повеќе…

9012 Оплеменувач за облека 500мл

Содржи екстракт на див костен и мирис на бохор. Дивиот костен делува на грињите и молците. Се употребува за сите видови на памучна, волнена, синтетичка, целулозна и свилена облека. Го олеснува пеглањето, ги освежува боите, го продолжува векот на траење на облеката, го намалува статичкиот електрицитет. Прочитај повеќе…

9005 Омекнувач за облека 500мл 

Содржи екстракт на босилек и мирис на јоргован. На облеката и ја дава потребната мекост и долготрајна свежина. Го намалува статичкиот електрицитет, туткањето и значително го олеснува пеглањето. Ја зголемува моќта на впивање и го продолжува векот на траење на облеката. Прочитај повеќе…

9010 Концентрат за флеки 150мл

Биоразградив, без алкалии и фосфати. Концентратот е наменет за отстранување на флеки од: ткаенини, облека, теписи, мебел и друг текстил. Средството отстранува мрсни флеки, флеки од чоколадо, кармин, пенкало, кафе, крв итн. Прочитај повеќе…

9703 ПДП концентрат 500мл

Содржи екстракт на босилек и глицерин. Покажува силно антисептичко дејство веднаш по нанесувањето. Делува на бактерии, вируси и габички. Анализите покажаа дека не постои можност за резистенција на микроорганизмите на дејството на ова средство, па заради тоа може да се употребува во редовна дезинфекција и во случаи на инцидентна состојба. Прочитај повеќе…

9702 Бактеристоп 500мл

Содржи екстракт на невен и глицерин. Специјално формулирана АЛКОТИНКТУРА со додаток на бактерицид кој моментално уништува: вируси, бактерии и габички. Во исто време екстрактот на невен и останатите масни материи ја негуваат кожата на рацете. Погоден е за употреба во училишта, градинки, јавни тоалети и сите фреквентни простори. Прочитај повеќе…

Дезинфект – бактеригел (9701) 300мл, (9700) 60мл

Технолошка иновација со двојно дејство. Моментално ги уништува под ниво на опасност бактериите, вирусите и габичките на кожата. Заменува вода и сапун, ја дезинфицира и ја негува кожата, и ја враќа потребната влажност.  Посебно е погоден за деца кои често ги ставаат рацете во уста. Прочитај повеќе…

9601 Ранкин чај 40 кесички

Содржи Мајчина душичка, Шипка, Коприва, Петровец Арамлиска трева, Жалфија, Вранилова трева, Маточина, Кантарион (Посеклива трева), Бозел ( Зовин цвет). Овозможува внесување на потребни материи во организмот, кои придонесуваат за создавање на одбрамбениот систем, имунитетот. Прочитај повеќе…

9602 Пробавит чај 40 кесички – Билна мешавина со црвен кантарион и подабиче

Содржи Петровец, Кичица (црвен кантарион или грозничавче), Пелин, Црвено подабиче, Жалфија, Нане. Извонредната комбинација на билки благотворно делува на системот на органите за варење, алергии на храна, зголемена киселост- гастритис, чир на желудник, болка во желудник, лошо варење, надуеност на желудникот, мачнина и опстипација. Прочитај повеќе…

9603 Кардио чај 40 кесички – Билна мешавина со глог и кантарион

Содржи Цвет и лист од глог, Жалфија, Кантарион, Маточина, Шипка, Оригано (Вранилова трева). Се користи за регулирање на крвниот притисок, ги чисти и зајакнува крвните садови. Пред се е наменет за регулирање на високиот крвен притисок, но може да се користи и за регулирање на нискиот крвен притисок. Прочитај повеќе…

9604 Метабо чај 40 кесички – Билна мешавина со коприва и петровец

Содржи Коприва, Шипка, Петровец, Кантарион, Мајчина душица, Жалфија. Придонесува за брзо и ефикасно воспоставување на рамнотежа во организмот и го забрзува метаболизмот.  Не содржи агресивни билки за варење, како што е сената. Прочитај повеќе…

9605 Дијабетин чај – Билна мешавина со црница и мешунка

Содржи Лист од црна црница (дудинка), Пасуљевина, Лист од боровинка, Лист од коприва, Кичица, Корен од глуварче. Се употребува како дополнителна терапија кај лица со шеќерна болест од типот 2 ( кои не се зависни од инсулин). Го снижува и го стабилизира нивото на гликозата. Прочитај повеќе…

9606 Урино чај – Билна мешавина со мечкино грозје и бреза

Содржи лист од Бреза, Килавица, Селен, Мечкино грозје, Коњско опавче. Помага при инфекции на бешиката и мокрачните патишта. Ги чисти бубрезите од песок, помага при болки, ја поттикнува работата на бубрезите, го забрзува мокрењето, не дозволува создавање на камења. Има дезинфекционо, диуретско и антисептичко дејство при разни воспаленија на бубрезите и бешиката. Прочитај повеќе…

9804 Беби перница од 9 месеци до 2 години

Димензии 35цм – 45цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Децата се раѓаат со рамен рбет, и на новореденчињата не им е потребна перница. За да го формираат рбетот правилно, потребна им е перница која им одговара. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9807 Детска перница од 2-5 години

Димензии 35цм – 50цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Перницата ја одржува правилна положбата на рбетниот столб. Тоа е од големо значење со оглед на тоа што децата се раѓаат со рамен рбет, а сите физиолошки кривини се формираат во оваа возраст. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9807 Детска перница од 5-12 години

Димензии 40цм – 60цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Лимес ергономската перница ги опушта мускулите на горниот дел на грбот и вратот во текот на спиењето. Еластична е и лесно приспособлива, со оглед на тоа што децата често ја менуваат положбата при спиење. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9803 Панда перница со облик, мала

Димензии 45цм х 60цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Се препорачува за ублажување на следните тешкотии: болна состојба на вратниот дел на рбетниот столб, болести на мускулите на рамената, астма и алергија на домашна прашина,главоболка, мигрена, несоница…И секако се препорачува на сите здрави луѓе кои сакаат за спијат здраво и убаво. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9808 Ергономик перница плус

Димензии 50цм – 70цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Панда перницата совршено се приспособува на обликот на телото и со тоа овозможува најповолен агол за одморање на зглобовите и мускулите на вратот, рамената и главата. Спречува појава на болести кои се предизвикани од неправилна положба на телото за време на спиењето, односно перницата има способност да се приспособува на обликот на телото т.е. на мускулите на вратот и главата, со што овозможува нивно опуштање и релаксирање. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9802 Панда перница со облик, голема

Димензии 50цм – 70цм. Перницата е полнета со шупливи силиконски влакна што ја прави антиалергиска. Се препорачува за ублажување на следните тешкотии: болна состојба на вратниот дел на рбетниот столб, болести на мускулите на рамената, астма и алергија на домашна прашина, главоболка, мигрена, несоница…И секако се препорачува на сите здрави луѓе кои сакаат за спијат здраво и убаво. Се пере на 60 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…

9806 Травел перница

Специјално дизајнирана перница, со анатомски облик и со револуционерно силиконско полнење. Специјалното полнење спречува развој на грињи и микроорганизми. Дава целосна удобност при патување. Се приспособува на Вашата глава и врат, давајќи флексибилна подршка, што придонесува за подобра циркулација на крвта и опуштање на вратните мускули. Се пере на 40 степени рачно или машински. Прочитај повеќе…