АЛОЕ ВЕРА ја врзува водата внатре во ќелиите каде што создава гел и со самото тоа доаѓа до регенерација на кожата, се подобрува еластичноста на кожата. Екстрактот на ова билка се добива од листовите, додека гелот се цеди од самото стебло и тие воедно се најлековити. Активните принципи на Алоето содржат моно и полисахариди, амино сахариди, аминокиселини, стероли. Од витамините најзастапени се : А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12, минерали: калиум, натриум, железо, калциум, фосфор, бакар, селен.