Hedera helix – Бршлен
Бршленот (Hedera helix L., fam. Araliaceae) е трајнозелено, ползечко растение што расте во поголемиот дел од Европа, Северна Америка и југо-источна Азија.
Хемиски состав
Листовите содржат стероли, сапонини (5-8%), вклучувајќи примарни хедера сапонини B и C и секундарни сапонини (α-хедерин), естри на кафена киселина со хина киселина, флавоноиди (рутин), алкалоиди (еметин), полицетиленски алкохоли (фалкаринол, фалкаринон, II-дехидрофалкаринол) и др.
Дејство и употреба
Екстрактот од бршлен покажува спазмолитична активност in vitro, а за активноста се смета дека е одговорен α-хедеринот. Препаратите од бршлен најчесто се користат орално за симптоматски третман на кашлица и за лекување акутни бронхијални заболувања.
Маслото од бршлен е докажано најдобро против целулитот, спречува настанување на брчки, ја подобрува еластичноста, благо ја затегнува кожата, ја намалува иритацијата и ја подобрува циркулацијата.
Несакани ефекти
Честата употреба на производи на база на бршлен може да предизвика алергиски реакции и гадење. Несаканите ефекти се должат главно на фалкаринолот.
Препарати, дози
Бршленот може да се зема како чај подготвен
од 6 g бршлен и 1000 ml зовриена вода, во времетраење околу 10 минути). Листот и кората од бршлен се користат во форма на екстракт (30% етанол), при што дневната доза треба да биде еквивалентна на 0,3-0,8 g