Хмељ или обичен хмељ (науч. Humulus lupulus) — вид цветно растение од семејството конопи (Cannabaceae) со потекло од Европа, западна Азија и Северна Америка. Растението е повеќегодишен ползавец кој расте рано напролет, извивајќи млади фиданки, а наесен овенува и се сведува на студоотпорен ризом.
Ова растение е главната состојка пивото и како такво нашироко се одгледува за потребите на пивната индустрија. Мирисливите цветни шишарки на пивото му даваат горчина, вкус и трајност. Хмељот содржи органските соединенија мурцен, хумулен, ксантохумол, мирценол, линалоол, танин и смола.
Хмељот го содржи моќниот фитоестроген 8-пренилнарингенин, кој може да има релативна врзивност со сетилниците (рецептори) на естроген.
Екстрактот од хмељ има антимикробно дејство, што значи дека може да се користи за производство на придоден деодоранс.
Истрошениот екстракт од хмељ делува против биофилм, што може да има примена во медицината.