Коензимот Q10 е природна активна материја во човечкиот организам која има двојна улога, а тоа е да има способност да ја враќа енергијата на ќелиите во кожата и има антиоксидативна заштита на кожата. Во ќелиите на кожата, присуството на материјата на коензимот Q10 придонесува за претварање на хранливите материи во енергија, која е неопходна за да ќелиите ја остварат својата функција. Меѓутоа, како остарува кожата, нивото на коензимот Q10 се намалува што доведува до енергетски дефицит во ќелиите, па кожата почнува да ја губи цврстината, сјајот и еластичноста. Коензимот Q10 е многу моќен антиоксиданс, така што ги неутрализира слободните радикали и покрај дејството на негативните фактори на средината како што се УВ зраците и загадувањето и со тоа ја поттикнува синтезата на колагенот и еластинот.