Колагенот е протеин кој го произведува нашето тело. Претставува составен дел на сврзното ткиво кое е од витално значење за нашиот организам. На кожата и дава еластични својства.  

Поради природните процеси на стареење кои започнуват во средината на дваесетите години, произведувањето на колагенот на нивото на кожата започнува да опаѓа, што доведува до намалување на еластичноста на кожата. На површината на кожата, ќелиите забрзано изумираат, се создава задебелен слој на рожнати ќелии, кој ги успорува процесите во кожата. На намалување на колагенот влијаат како стареењето, така и надворешните фактори, што предизвикува опуштање на кожата и создавање на брчки.

Недостатокот на колаген се надополнува со употреба на креми.