Краставицата содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата. Сокот од краставица со останатите состојки продира длабоко во кожата и овозможува долготрајна хидратација. Се цеди со ладна постапка и веднаш се вградува во кремата со што се сочувани сите активни материи. Активните принципи на краставицата во кремата делуваат дестимулативно на врзивното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што ќелиите набабруваат, кожата станува мазна, нежна и затегната.