Лимес е Меѓународна биохемиска компанија која повеќе од 20 години се занимава со производство на еколошки високо квалитетни производи, и нивна дистрибуција низ цел Балкан по пат на мрежен маркетинг. Лимес произведува  средства за лична и домашна хигиена, козметика, перници и чаеви, мултинаменски производи кои ги користи целото семејство, и со кои голем број потрошувачи успеале да решат одредени здравствени проблеми.

Лимес е синоним за квалитетни, природни, еколошки, концентрирани, антиалергиски производи.

Во секој производ има комбинација од екстракти на невен, босилек, кантарион, липа, жалфија, нане, коприва, камилица, ајдучка трева и сл. Амбалажата е исто така еколошка.

Екстрактите на босилек и невен се меѓу најзастапените во нашите производи и поради нивната лековита моќ се одгледуваат на приватните плантажи на компанијата во чисти еколошки услови. Поради сето тоа нашите производи не само што не се штетни туку имаат и лековито дејство што ги прави посебни.