Со самото давање  на вашите податоци во образецот за регистрација, ги прифаќате и се согласувате со практиките опишани во оваа Политика за приватност на податоците.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

1. Информации кои ги собираме

Ги собираме и обработуваме следниве ваши податоци:

1.1 Информациите кои вие ни ги давате. Постои можност вие да ни ги обезбедите вашите информации со пополнување на обрасците на нашата веб страница www.limes.mk или пак преку контактирање по телефон, e-маил или на друг начин. Овде спаѓаат и информациите кои ги давате кога се регистрирате за да ја користите нашата веб страница, да се пријавите за да бидете наш консултант, кога пребарувате производи, кога правите нарачка на нашата веб страница, кога учествувате во дискусија или други функции на социјалните медиуми на нашата веб страница, кога учествувате во некој натпревар, промоција или анкета, како и кога пријавувате проблем во врска со нашата веб страница. Информациите кои ни ги обезбедувате вклучуваат:

  • име и презиме
  • датум на раѓање
  • адреса на живеење и адреса за достава
  • e-маил адреса
  • телефонски број и/или број на мобилен телефон,
  • единствен идентификациски број на консултантот

Се надеваме дека ќе ни ги обезбедите овие информации. Ве информираме дека доколку не ги дадете овие информации, нема да бидеме во можност да ви ја обезбедиме услугата која сте ја побарале.

1.2 Информации кои ги собираме за вас. Ја чуваме историјата на вашите набавки, вашите нивоа во мрежната структура на нашите консултанти, вашите резултати, регрутите кои вие ги спонзорирате, итн.

При секоја ваша посета на нашата веб страница, автоматски ги собираме следниве информации:

  • технички информации, вклучувајќи ја и адресата на Интернет протоколот (IP) која се користи за вашиот компјутер да се поврзи на Интернет, вашите информации за најава, типот и верзијата на пребарувачот, сетинзите за зона, видовите и верзиите на дополнителната компонента на прелистувачот, оперативниот систем и платформата;
  • информации за вашата посета, производите кои сте ги гледале или барале; времето на одговор на страницата, грешките при преземањето, должината на посетите на одредени страници, информации за интеракција со страницата (како што е на лизгање, кликање и преминување преку податоци со глувчето), методите кои се користат за пребарување, како и телефонските броеви од кои сте се јавиле на нашиот телефонски број 

2. Користење на информациите

Информациите кои ги чуваме за вас, ги користиме на следниве начини:

  • за да ги извршиме нашите обврски од нашите меѓусебни договорите и за да ви ги обезбедиме информациите, производите и услугите кои ги барате од нас
  • за да ви обезбедиме информации за други стоки и услуги кои ги нудиме, а се слични на оние кои веќе сте ги купиле или за кои сте се интересирале;
  • за да ви ги обезбедиме правата, бенефициите и придобивките, како и сите други услови кои се користат според договорниот однос помеѓу вас и нас;
  • за да се усогласите со сите прописи кои се применуваат за нашата соработка со вас;
  • за се увериме дека содржините на нашата веб страница се прикажуваат на начин погоден за вас и вашиот компјутер или мобилен телефон, таблет;
  • за да обезбедиме ефективно управување со мрежата на наши консултанти од наша страна, но и од страна на другите членови на нашата мрежа на консултанти (во главно, вашиот спонзор);
  • за да се одржува нашата веб страница и за интернет работење, вклучително решавање на технички проблеми, анализа на податоци, тестирање, истражување, статистички и анкетни цели;
  • за да веб страницата биде безбедна и сигурна;
  • за да се измери или разбере ефективноста на рекламирањето кое ви го обезбедуваме вам и на други лица и да ви се упатат само оние реклами од значење за вас, што вклучува спроведување на истражувања во врска со задоволството на корисниците и други слични истражувања;
  • за да ви се дадат предлози и препораки за стоките и услугите кои би ви биле од интерес;
  • за да одговориме на барањата и правните побарувања од регулаторните органи или други институции.

3. Обелоденување на вашите информации

3.1 Не ги продаваме, изнајмуваме, нити тргуваме со вашите лични информации.

3.2 Им даваме пристап до вашите лични податоци на матичното друштво  Лимес Д.О.О Пирот и неговите ограноци со цел да ни дадат поддршка во спроведувањето на активностите наведени погоре

3.3 Постои можност да им дадеме пристап до вашите лични податоци на избрани трети лица, како што се:

  • Деловни партнери: добавувачи, провајдери на логистички услуги (како што се подигнување и пакување)
  • Други членови на нашата мрежа на консултанти (првенствено на вашиот спонзор во нашата мрежа и вашите подредени консултанти) за целите на ефикасно управување со нашата мрежа на консултанти.
  • Аналитичари и пребарувачи кои ни помагаат во подобрувањето и оптимизирањето на нашата веб страница
  • Провајдери на технички решенија кои ни овозможуваат испраќање на пораки до вас (вклучувајќи маркетинг пораки или анкети за задоволството на клиентите, во случај вие да сте се согласиле да добивате вакви информации), на пример, провајдери на испраќање на масовни маилови, провајдери на испраќање на масовни СМС или вибер решенија.

Со поднесувањето на вашите лични податоци, вие се согласувате на ваквиот пренос, складирање или обработка на податоците. Ние ќе ги преземеме сите разумни чекори потребни за да се води сметка вашите податоци да се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика за тајност на податоците и важечките закони.

4. Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. 

5. Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци

6. Промени на нашата политика за тајност на податоците

Сите промени кои во иднина ќе ги направиме во нашата Политика за тајност на информациите ќе бидат објавени на нашата веб страница. Тие ќе бидат правосилни од денот на нивното објавување. Вашето користење на веб страницата после објавувањето на измените и дополнувањата на Политиката за тајност на податоците или вашето доставување на нарачка, ќе се смета за прифаќање на таквите измени и дополнувања.

7. Политика за користење колачиња

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

  • СТРОГО НЕОПХОДНИ КОЛАЧИЊА 

Овие колачиња се неопходни за функционирањето на веб-страницата и не може да се исклучат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на вашите дејства за барање услуги, како поставување претпочитани параметри за приватност, најавување или пополнување формулари. Може да го поставите пребарувачот да ги блокира или да ве предупредува за овие колачиња, но тогаш некои делови на веб-страницата нема да функционираат.

  • КОЛАЧИЊА ЗА ПЕРФОРМАНСИ 

Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај за да можеме да ги измериме и подобриме перформансите на нашата веб-страница. Тие ни овозможуваат да дознаеме кои страници се најмногу и најмалку популарни и да видиме како посетителите се движат низ веб-страницата. Сите информации што овие колачиња ги собираат се комбинираат и поради тоа остануваат анонимни. 

  • ФУНКЦИОНАЛНИ КОЛАЧИЊА

Функционалните колачиња се користат за да ни овозможат да ги запаметиме параметрите на некои корисници.

  • Гугл аналитикс

Ние користиме Гугл аналитикс (Google Analytics) за да разбереме како посетителите ги користат нашите сајтови и апликации. Ова значи дека кога го посетувате нашиот веб-сајт, или кога користите некоја наша апликација за мобилни телефони, вашиот прелистувач автоматски испраќа одредени информации до Гугл. Ова вклучува, на пример, веб-адресата на страницата што ја посетуваш и вашата ИП-адреса.

Информациите собрани од колачињата се задржуваат 1 година.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

8. Контакт и жалби

Сите прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика за тајност на податоците се добредојдени и можат да се достават на e-маил адреса: limesmkbibi@gmail.com

Доколку сметате дека не сме се усогласиле со оваа Политика за тајност на податоците, можете да пишете на погорната адреса. Ве молиме да опишете во што е можно повеќе детали зошто сметате дека оваа Политика за тајност на податоците не се почитувала.