Рицинусовото масло содржи глицериди и помали количини на стеаринска, линолинска и дехидросистеариска киселина. Одговара на сите типови на кожа, бидејќи кога ќе се исуши, создава заштитен филм на кожата и спречува нејзино сушење, па кожата на тој начин ја задржува природната влажност. Ја регенерира кожата и спречува создавање на лузни.

Рицинусово масло има лековито дејство на кожата. Содржи есенцијални витамини и минерали, вклучувајќи витамин Е кој е одличен за хидратација и нега на кожата и косата. Поттикнува производство на колаген и еластин и дава на кожата сјај и еластичност.