- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:13/07/2019
- Post Category:Деца / Жени / Козметика / Колекција РОСА / Мирисна колекција / Нега / Тело
- Post Comments:0 Comments
Флора е идеална релакс крема за нега на сува и чувствителна кожа, со 96% природни оригинални состојки.
За ревитализација и масажа на тело. Содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Претставува спој на традиционална рецептура со модерните достигнувања на технологијата.
СОСТАВ:
Маслиновото масло – содржи голем број на витамини кои се многу важни за нега на кожата:
- Витамин А кој ја прави кожата еластична со што директно влијае на нејзиниот тонус и цврстина
- Витамин Д кој спречува стареење на кожата
- Витамин Е важен оксиданс, кој придонесува за нејзина влажност и обновување
- Витамин К чиј директен допринос е за хидратација на кожата и помага во борба со првите знаци на стареење.
Масло од невен – за нега на кожата кое прави чуда, бидејќи длабински хидрира, ја обновува и ја прави кожата помлада, сјајна и еластична. Исто така кожата ја штити од слободни радикали, го забрзува обновувањето на ќелиите на кожата, ублажува дисколорација и пигментација и на кожата и дава младешки изглед.
Бадемовото масло – идеално за масажа кое ја храни кожата, посебно сувата и оштетена. Освен што содржи голема количина на витамин Е и витамин А, бадемовото масло содржи и:
- Цинк кој е значаен минерал неопходен за зараснување на рани на кожата на лицето и телото
- Омега 3 масни киселини кои докажано имаат моќ за подмладување на кожата, исто така важна состојка на бадемовото масло. Добри се за заштита на кожата од сонце и штетите кои може да ги предизвика на кожата како изгореници и стареење на кожата
Shea butter богат со витамини кои делуваат поволно на кожата, а има и противвоспалително дејство и делува смирувачки на кожата. Исто така шеа путерот ја омекнува кожата, ја зајакнува, ја прави мазна и ја намалува збрчканоста. Поради сите активни елементи кои го сочинуваат, добар е за кожа со егземи и важен сојузник во борба против стрии и лузни.
Етерично масло од портокал – е ценето по своето против воспалително и антисептичко дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, создавање на брчки и темни флеки, поттикнува производство на колаген. Смирува и опушта, дава добро расположение и оптимизам. Делува како природен анксиолотик.
ДЕЈСТВО:
Идеална комбинација за нега, ревитализалија и масажа на тело.
Крема за масажа со ароматерапевтско дејство го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамини ја обновуваат кожата, го ублажуваат црвенилото и лупењето, поттикнуваат циркулација и обновување на ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги.
Ублажува егземи, псоријаза и лузни.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Кремата се нанесува на кожата и се втрива со лесни, масирачки движења.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата
- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:11/07/2019
- Post Category:Блог
- Post Comments:0 Comments
Среброто е благороден НЕТОКСИЧЕН метал познат повеке од 5000 години!
СРЕБРЕНА ВОДА – најстар природен атибиотик. Колоидно сребро е течност добиена со електролиза на потполно чисто сребро (99,999%) и дестилирано деминерализирана вода, безбојна, потполно проѕирна, без мирис со слаб или никаков вкус. Се работи за јони и колоиди на сребро. Во милион честички вода има 5 честички сребрени јони. На јоните не делува гравитација, па тие не се таложат на дното. Колоидот е најдобар начин за употреба на среброто за потребите на нашиот организам и организмот на другите живи суштества затоа што келиите и телесните течности се во колоидна форма и нашиот организам полесно ги прифака. За разлика од класичните лекови кои се во форма на кристали па така нашиот организам треба прво да ги трансформира во колоиди-процес кој се одвива во органите за варење па така многу од таканаречените корисни бактерии се уништуваат од класичните антибиотици. Во растворот на сребрената вода не можат да опстанат повеќе од неколку минути ни најотпорните микроорганизми па затоа и НАСА го користи во своите космички летала.
Делува како катализатор-блокира одредени ензими кои бактериите, вирусите и габичките ги користат во својот метаболизам. Во контакт со среброто овие причинители на болести брзо остануваат без кислород и храна и се распаѓаат. Овој процес е толку брз и ефективен што ниеден микроорганизам не може да мутира и стекне резистентност на сребрените јони.
Во Германија во 19 век на штотуку родените бебиња им ставале сребрени капки за да се спречи појава на инфекција. Во црквите при обреди на причест се користи сребрено лажиче кое го користат стотина верници и никогаш не дошло до појава или ширење на зараза.
Како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. Го има во морската крупна сол, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. Затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести.
Сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на Пастер, односно со појавата на пеницилинот, среброто е повлечено од употреба бидејќи не можело да се патентира и да стане екслузивна сопственост за само една компанија. Во 1983 Министерството на здравје на САД го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него. Денес се користи во специјални видови на завои кои спречуваат инфицирање на рана, во креми против опекотини.
Влијае на вируси, бактерии, гливици/габи и паразити и ги убива за само 6 минути! Докажано помага кај над 650 болести!
Се користи при:
- инфекцијата на оштетените делови на кожата како што се опекотини, гребаници, рани, гнојно воспаление на површински делови на кожата, иритација на кожата по бричење, изгореници од сонце, хемороиди, чешање или егзем околу анус, кандида, импетиго, херпес, акни
- питиријаза, црвенило на себороични делови на кожа, дерматитис, егзема, црвен ветер, пеленски осип,псоријаза, лишаи на телото
- атлетско стопало, габична инфекција на нокти
- ја омекнува тврдата кожа
- перут, опаѓање на косата
Не смее да се користи во случај на алергија на сребро (иако таква до сега не е откриена).
БЕЗ ОГЛЕД НА БЛАГОТВОРНОТО ДЕЈСТВО НА КОЛОИДНАТА СРЕБРЕНА ВОДА, НЕ СЕ ИСКЛУЧУВА СОВЕТУВАЊЕ СО ЛЕКАР.
- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:10/06/2019
- Post Category:Деца / Жени / Козметика / Колекција РОСА / Лице / Мажи / Мелеми / Нега / Тело
- Post Comments:0 Comments
За нега на сите типови на кожа.
Ја штити и негува кожата на лицето и телото. Комбинацијата на невен и босилек и внимателно одбрани природни состојки, благотворно делува на вашата кожа. Не ги затвора порите, лесно се размачкува и не се отстранува целосно во допир со вода. На тој начин ја штити кошата од сушење. Пријател на целото семејство.
СОСТАВ:
Невен: (Calendula officinalis flower extract) Секое поединечно ливче од цветот на невен содржи пет соединенија – олеинска киселина, лупеол, кверцетин, α-амирин и β-амирин. Овие активни соединенија се опширно проучувани и се познати по тоа што обезбедуваат антиоксидантна заштита, ја смируваат кожата и ја намалуваат непријатноста. Ефективните соединенија на невен помагаат за видливо подобрување и смирување на кожата. Помагајќи да се намали непријатноста, семејната крема со екстракт од невен и помага на кожата да изгледа мазна, сјајна и свежа. Календулата делува како анти-иритант и ја враќа иритираната кожа во нормална состојба.
Босилек: (Ocimum basilicum extract) е богат со есенцијални масла, витамини, омега-3 киселини и минерали. Поради своите состојки се покажал како корисен против стареење на кожата и појава на брчки. На кожата и дава свеж изглед, поради што се користи во козметиката. При истражување на кремите, потврдено е дека кремите за лице со екстракт од босилек во споредба со оние без босилек, покажале подобар ефект на кожата – ја зголемуваат влажноста и ја намалуваат грубоста на кожата. Поради својот уникатен состав, има антиинфламаторно дејство, спречувајќи развој на воспаление на кожата.
Глицерин: е соединение кое има три атоми на водород и е одличен за навлажнување на кожата. Глицеринот ја собира водата од воздухот и ја принудува да помине низ порите и да стигне до подлабоките слоеви на кожата на лицето. Кога клетките на кожата „не се жедни“, тие можат да произведат поголеми количини на колаген и еластин.
ДЕЈСТВО (од лични искуства на клиенти):
- ја штити и негува кожата на лицето и телото
- не ги затвара порите и лесно се размачкува
- ја хидрира кожата
- делува дезинфицирачки
- брзо ги лекува раните и гребнатините
- смирува воспалена кожа
- во комбинација со антибактерискиот сапун дава исклучителни лековити дејства. Помага при алергии, хемороиди, акни и сл.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Еднаш дневно, а во зависност од проблемот и повеќе пати во текот на денот да се нанесува кремата на кожата на лицето-телото, благо да се втрие и да се остави да делува. Се препорачува на лица со чувствителна, сува и испукана кожа, бебиња и мажи за после бричење.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата