9206 Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина, 50мл - 913 денари

Кога настануваат брчки? Кога кожата ќе почне да старее доаѓа до успорување на процесот на обновување на ќелиите, намалување на лачењето на лојните жлезди како и количината на колаген и еластин. Кожата станува чувствителна и дехидрирана, а како последица се создаваат брчки и тенки линии околу устата, очите и на вратот. Воглавно кожата е сува и нема свежа боја. Процесот на стареење започнува по 18 година, а најинтензивен станува помеѓу 25 и 30 години. Двата многу важни протеини на кожата се еластин, кој е одговорен за еластичност на кожата и колаген кој делува на тонусот и ја подобрува структурата на кожата.

Причини за стареење може да бидат:

  • Време, со чие изминување се намалува производството на колаген и еластин, а кожата ја губи влагата и поспоро се обновува со што доаѓа до создавање на брчки
  • Мимика на лицето
  • Сонце, главен фактор за штетното влијание на кожата
  • Стрес
  • Неправилна исхрана

СОСТАВ:

Хармонична композиција на база на природни суровини со козметички квалитет, витамини, растителни масла: јојоба, бадемово, рицинусово и масло од ночурак, колаген и хијалуронска киселина. Кремата е богата со есенцијални масни состојки неопходни за создавање на нови ќелии. Го забрзува метаболизмот на ќелиите, ја одржува киселобазната рамнотежа и го намалува негативното влијание на слободните радикали. Совршениот комплекс на биолошки активни состојки, има за цел да ги спречи и ублажи последиците од прерано стареење и да ги зајакне одбрамбените  способности на кожата.

Хијалуронската киселина го забрзува метаболизмот на ќелиите. Овозможува забрзано размножување на ќелиите поради подобра и интензивна исхрана, при што ќелиите завземајќи го местото една покрај друга доведуваат до ,,пеглање ” на кожата и исчезнување на брчките. Хијалуронската киселина е производ на нашиот организам кој со стареење исчезнува така што на кожата и се надополнува во вид на крема. Инаку се употребува за ботокс.

Колагенот е производ на хијалуронската киселина. Се наоѓа во поткожното ткиво. На кожата и дава еластични својства. Со стареење доаѓа до негово намалување и до набирање на кожата. Недостатокот на колаген се надополнува со употреба на креми.

Маслото од ночурак (Oenothera biennis) ја омекнува кожата, ја кондиционира и хидратизира, па е посебно добро за сува и рапава кожа. Придонесува за брза регенерација на оштетената кожа и ја враќа еластичноста. Го регулира ќелискиот метаболизам и ги одзатнува порите.

Рицинусовото масло содржи глицериди и помали количини на стеаринска, линолинска и дехидросистеариска киселина. Одговара на сите типови на кожа, бидејќи кога ќе се исуши, создава заштитен филм на кожата и спречува нејзино сушење, па кожата на тој начин ја задржува природната влажност. Ја регенерира кожата и спречува создавање на лузни.

Бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis), содржи минерали и есенцијални масни киселини, како и витамини А, Б, Д и Е. Бадемовото масло  е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа, а посебно на сува и чувствителна кожа.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) или течен восок, одговара на сите типови на кожа. Го регулира создавањето на себум, негува и ја враќа рамнотежата на мешовитата (комбинирана) кожа, ја регенерира и и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немасен липиден слој кој спречува губење на водата, а потоа во горниот слој на кожата го омекнува ткивото. Содржи протеини, минерали, растителен восок и миристична киселина. Противвоспалително е и благотворно кај псоријаза, егземи, воспалена кожа и воспалителни инфекции на кожата.

ДЕЈСТВО:

Кремата против брчки ја ревитализира кожата, го одржува тонусот и ја хидрира, правејќи ја нежна, сјајна и еластична.

  • Длабински ја негува и ја јакне кожата со зголемување на нивото на влажност, го забрзува метаболизмот на ќелиите.
  • Ситните брчки исчезнуваат.
  • По 4 недели видливо ги намалува брчките до 50%.
  • Спречува прерано стареење на кожата, им дава енергија на ќелиите.
  • На кожата и го враќа тонусот и еластичноста и ја прави блескава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Најдобри резултати кремата дава ако се нанесува на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето. Се нанесува секоја вечер со благо втривање во кожата и се остава да делува. Одговара на сите типови на кожата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Ноќна крема против брчки со колаген и хијалуронска киселина