Триклосан (понекогаш скратено како TCS) е антибактериско и антифунгално средство присутно во некои производи за широка потрошувачка, вклучувајќи паста за заби, сапуни, детергенти, играчки и третмани за хируршко чистење. По својата употреба и механизам на дејствување е сличен на триклокарбанот. Неговата ефикасност како антимикробен агенс, ризикот од антимикробна резистенција и можната улога во нарушениот хормонален развој остануваат контроверзни. Дополнителни истражувања се обидуваат да ги разберат неговите потенцијални ефекти врз организмите и здравјето на животната средина.
Превземено од Википедиа