Витаминот Ц (или аскорбинска киселина) е витамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода. Инаку, витаминот Ц е познат по скорбутот, болест која настанува поради неговиот недостаток во организмот.

Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:

  • влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
  • има улога во синтезата на стероидните хормони
  • ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
  • има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на слободните радикали
  • Витаминот Ц го спречува создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини, кои настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната (особено конзервираната). Постојаната присутност на овие соединенија може да доведе и до појава на карцином.
  • значајна е улогата на витаминит Ц и во синтезата на колагенот – влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и поотпорни.

Превземено од Википедиа