Лето, сонце, плажа. Зборови кои измамуваат насмевка кај сите, а најмногу кај децата. Тие се најрадосни покрај морето, со мама и тато, во песокта, со играчките. Тоа е можеби единствениот период во годината кога се сите заедно цели 10 дена.

Но сонцето колку е убаво толку е и штетно денес. Затоа родители, треба да знаете некои основни работи кога одите на одмор. Обавезно носете крема со висок заштитен фактор, по можност СПФ 50 и тоа водоотпорна. Децата обично не сакаат да се мачкаат со кремите, но затоа играјте ја нивната игра и дозволете им нив да бидат Ваши родители и прво тие да Ве намачкаат Вас. Тоа ќе ги израдува, па покрај забавата ќе имате можност и Вие нив да ги намачкате.

Освен костими за капење за поголемите деца, немојте да заборавате на заштитни очила  за сонце со висока UV протекција. Денес има секакви забавни очила, примамливи за секое дете. Исто така децата треба обавезно да ја заштитат главата со прекрасни, декоративни, летни капчиња, сламени шеширчиња или украсни марами. Помалите дечиња немаат потреба од костими за капење, а оние најмалите, односно бебињата можат да носат специјални гаќички за капење.

Неопходно е секако и седење под сенка, под чадор или специјални детски гумени или платнени шаторчиња. Тие се најдобра заштита за помалите дечиња.  Во нив може да ги ставите сите потребни акцесоари за играње во песок и вода.

И за крај, ако и покрај целата заштита, сепак се случи Вашето дете да добие изгореници од сонце, најдобра нега е со некој препарат кој има разладувачки ефект, но секако и ефект на брза епитализација и регенерација на кожата. Одберете природни производи на база на билки, без хемија, за дополнителна нега на кожата. Во Лимес може да најдете неколку такви производи не само за децата, туку и за вас родителите: