Tilia Cordata

Липа (Tilia Cordata)

Липата е дрво со висина од 25-30 метри. Расне во цела Европа, по ридести шуми. Цветот е со многу пријатен мирис. Се бере штом ќе почне да цвета, кога две третини од цветовите се расцветани, заедно со малите ливчиња каде што се наоѓа цветот. Треба да се бере на суво и убаво време. Цветот на липа има благ и пријатен мирис, сладок и по малку остар вкус. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин има најмногу во ливчињата каде што се наоѓа цветот, кој дава остар вкус. Цветот и листот содржат витамин Ц. Потполно млад штотуку отворен лист може да се употребува како зеленчук. Семето од липа содржи масла слични на маслиновото.

Содржи: Калциум, железо, манган, флавоноиди, во помали количини содржи етерично масло, пред се линалол, гераниол и еугенол. Лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Се суши на ладно и на прозрачно место. Сувите листови при сушење мора да ја задржат својата природна боја и пријатен мирис.

Tilia Cordata2

Лековито дејство: Цветовите на липа се употребуваат за лечење на настинки и болести на дишните органи.

  • Цветот на липата се употребува најчесто во облик на чај, за потење, па заради тоа се употребува при настинка и температура, против грчеви и за смирување на болки, како многу благо средство. Слузот од липа создава заштитен слој преку слузницата во подрачјето на грлото и на тој начин го смирува надразнетото грло кое делува како кашлање
  • Лечи слабокрвност
  • Се употребува за зараснување на изгоретини и рани
  • Се препорачува за лечење на хронична кашлица, болки при мокрење, умор. Цветот на липа ги опушта напнатите нерви и влијае на подобар сон