Inovativna cucla lazalka

Го добивте долгоочекуваниот подарок, деветмесечната неизвесност заврши, ама дојдоа на ред долги и непроспиени ноќи. Бебешкиот плач не Ве остава да дремнете. Тој е навистинa музика за Вашите уши и најсветла ѕвезда за Вашите очи.

Но доста од поезија. Секој има потреба од одмор, па и Вие. Не се срамете да си го признаете тоа. Тоа не значи дека помалку си го сакате детето, туку значи дека навистина Ви трееба еден добар одмор, за да можете да продолжите со турбо темпо наредните денови и ноќи. А како поинаку ќе имате сили да го држите малото во прегратка, да го доите, да го гледате и да му се восхитувате.

Inovativna cucla lazalka 2

Бабите се тука за да помогнат, но тоа е час или два. Таткото е тука да помогне, но и тој бара одмор од напорната работа. За сите Вас, имаме еден супер предлог: цуцла лажливка. Некои од Вас можеби ќе речат не е во ред, не е медицински исправно. Ама верувајте сите сме поминале низ истото, и сите ние барем еднаш во животот сме имале цуцла во устата, за да не залаже и замолкне. Таа мала лажливка ја благословува секоја мајка.

Порано беа досадни, обични, едноставни, но си ја вршеле работата. Но денес, верувале или не, има толку интересни и невообичаени, што и Вас ќе ве насмеат секогаш кога ќе го погледнете малото ангелче. А кога Вие се смеете наместо да сте изморена, тоа е најубавиот подарок за Вашето мило чедо. Вашата радост е музика за неговите уши, и ја буди неговата насмевка.

Во продавниците за бебешка опрема има најразлични забавни, иновативни цуцли. Некои се во форма на уста со големи заби, некои се со мустаќи, некои имаат форма на забите на Дракула. Има и такви со нацртана црвена привлечна усна на цуцлата. Па малата принцеза личи на мала заводничка.

Inovativna cucla lazalka 3

Пронајдете ја во Вас креативната страна и набавете уникатна цуцла лажливка за Вашето детенце.

Еве уште еден интересен предлог. Поставете го детето со цуцлата пред огледало. Ве уверуваме дека ќе се забавува барем триесет минути со лажливката. А толку мнооогу време, Вас ќе ви овозможи да ги одморите малку нозете, рацете и главата. Пробајте, забавно е и за Вас и за децата.

Секако дека иновативната цуцла лажалка е прекрасен подарок заедно со останатите неопходни бебешки аксесоари за повојница, роденден, па дури и како мала шега за Вашата другарка или другар. Ќе му остане како дел од маска за први април.