Босилек (Basilicum ocimum)

Босилекот е едногодишна, зелјеста билка која расне од 20-60 цм со разгрането стебло, темнозелени листови и цветови во зелена, бела и розова боја. Целото растение е многу ароматично и има пријатен мирис. Потекнува од Афричкиот континент. Босилекот е многу ценета билка заради своите лековити својства.

Состав: етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи, флавоноиди, кафени киселини и сапонозиди. Во етеричното масло има естрагол, линалол, цинеол и уште многу други антисептички состојки (состојки кои спречуваат развој на микроорганизми). Есенцијата се добива од цветот и листовите. . Целото растение е лековито како и семето.

Покажува: антидепресивно и тонично дејство.

Босилекот има повеќекратна употреба, добар е и за надворешна и за внатрешна употреба.

  • За спречување на опаѓање на косата, за зајакнување на косата и нејзино побрзо растење, дава сјај на уморната коса
  • Поттикнува циркулација, делува на оживување на уморната кожа и дава сјај и го подобрува тонусот
  • Делува како средство за смирување, отстранува несоница, ублажува нервоза, влијае на подобрување на концентрацијата, смирува нерви
  • Помага во борба против акни
  • Ги зајакнува слабите нерви, има смирувачки ефект, ги зајакнува менталните функции и го отстранува менталниот замор