Коприва – (Urtica dioica)

Копривата е билка која достигнува висина до 1.5 метри. Лековито е целото растение започнувајќи од коренот, па се до семките. Листовите и рачките се покриени со жило кое при допир испушта остар сок на кожата, кој жежи.  Се употребува листот, коренот и семките. На пролет и во есен се собираат корените, листовите и врвовите, а семето се собира во август. Копривата е исклучително здраво растение, богато со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, хлорофил, пантотенска киселина, гликокинин, кој го регулира шеќерот во крвта.

Дејство: Диуретик, тоник, антианемик, антиревматик – лечи ревматски тешкотии. Добра е за слабокрвност, заради содржината на железото, бидејќи влијае на создавање на поголем број на црвени крвни зрнца.

Екстрактот на коприва се наоѓа во производите против опаѓање на косата. Копривата е :

  • Лек за чистење на крвта
  • Против опаѓање на коса
  • Ревматизам
  • Грозница
  • Кај заболување на зглобовите
  • За зараснување на рани
  • Слабокрвност
  • Несоница, нервоза

 

Заради своите витамински и прехрамбени вредности копривата се смета за исклучително здрав, полезен и пристапен зеленчук, а секако и како лек.

Занимливости:

  • Еден лекар при своите предавања рекол дека кога луѓето би знаеле колку е лековита копривата, нема да одгледуваат ништо друго освен коприва
  • Според документите на еден Швајцарски парох се сметало дека копривата одамна би била искоренета, ако не ја поседувала својата способност да жари.