Жалфија (salvia officinalis)

Жалфијата е повеќегодишна билка висока од 50-90цм, со цветови во сино – виолетова боја. Потекнува од Јужна Европа. Билката е многу ароматична и има својствен мирис кој не се губи при сушење. Листовите се собираат додека се зелени, а се сушат во сенка и во добро проветрени простории на температура најмногу до 40 степени.

Жалфијата покажува:

Антидепресивно, антисептично, антиспазматично, бактерицидно, антифлогистично, седативно, тонично дејство, освежува, смирува, помага при затегнување на ткива.

Од жалфијата се употребува само листот кој е најлековит кога жалфијата почнува да цвета, а тоа најчесто е во Мај.

Добра е за:

  • Плакнење на грло и уста
  • Против акумулација на отрови
  • За лечење на астма
  • Дерматитис
  • Кај проблеми со циркулација
  • Мигрена, нервна исцрпеност
  • Кај умор, стрес, нервна напнатост, депресија
  • Го зголемува апетитот, го зајакнува организмот

Поради своето антисептичко дејство жалфијата го зајакнува имунитетот и ја намалува можноста за појава на болести.