Кантарион Посеклива трева (Hypericum Perforatum)

Кантарионот е повеќегодишно зелјесто растение кое расне до 100цм. Лековити делови на билката се врвовите со цветот и листот. Бербата се врши кога цветањето е интензивно, се суши во сенка, распространет во тенок слој. Секојдневно се превртува, а кога ќе се исуши се одвојуваат листовите и цветовите и се складира во подготвени материјали како тегли, кутии, хартиени вреќи.

Kantarion - Hyperici herba

Состав: 

Докажано е дека во цветот и во листот има една материја хиперицин со концентрација од 0,1- 0,2’%, етерно масло од 0,05-0,5% која содржи алфа пинен, кадинен и малку хамазулен. Кантарионот содржи и флавониди, рутозид, кверцетозид, хиперозид, танини 10-15%, органски киселини и минерални материи, смола, каротен, флавоноидни хетерозиди од кои потекнува жолтата боја, холин, витамин Ц.

Кантарионот е лек од античко време па до денеска. Претставува извонреден лек за стомачни заболувања, воспален желудник, чир на желудник, чир на дванаесетопалачно црево, воспаление на тенко и дебело црево, како и при воспалени хемороиди. Бидејќи содржи многу танини претставува многу ефикасен лек за лекување на пролив кај возрасни и кај деца.

Најнови сознанија за кантарионот – има силно влијание врз емотивното здравје односно помага кај пациенти кои страдаат од акутна и хронична депресија. Ја подобрува циркулацијата и кај пациенти кои имаат проблеми со артериска и венска циркулација дава добри резултати, ефектот е од флавонидите.

Надворешна употреба: против изгоретини, за лечење на хемороиди, за зараснување на рани.

Kantarion - Hyperici herba1

За внатрешна употреба се користи во облик на чаеви кај заболувања на јетра, желудник и кај дијареа.

Делува:

  • Антисептички – спречува развој на микроорганизми
  • Антибактериски
  • Како седатив кај некои видови на нервоза
  • Антидепресив – делува како антидепресивен лек, но без несакани ефекти

Kantarion - Hyperici herba2

Одличен е за кожата и слузокожата, има аналгетско дејство при несоница, омалаксаност и исцрпеност. Кај реума, отоци и крвни подливи се употребува во облик на масло кое се втрива.

Маслото од кантарион се добива со потопување на зрели цветови во растително масло. Има одлично терапевтско дејство кога се во прашање болки во мускулите и вратот. Со ова масло се третираат стрии, лузни, повреди, рани, црвенило, дерматитис, егземи, а одлично е и за изгоретини и исеченици. Маслото се употребува на тој начин што со него се мачкаат рани, исеченици и изгореници.

Маслото од кантарион помага и при лечење на умерена и блага депресија, за нега и заштита на кожата, се употребува за масажа, за сува кожа, штити од зрачење во текот на сончање, а делува и на акни, чиреви, рани кои крварат, отоци, удари, ревматизам, шинување.

Посебно се препорачува за нега и заштита на чувствителна, сува и испукана кожа.

Занимливости: За да го препознаете кантарионот доволно е да се изгмечи еден потполно расцветан цвет и од него ќе потече црвен сок.