Бреза (Betula pendula)
Род на листопадни дрва од семејството на брезите (Betulaceae), во која спаѓаат и евлата, леската и габерот, а е во блиско сродство со буките. Брезите се кратковечни пионерски видови, застапени ширум северната полутопка, особено во северните умерени и субполарни краишта.
Брезата е одличен диуретик со многу јако дејство, и затоа се користи кај камења од различен тип, бубрежни болки и албуминурија.
Брезовите лисја содржат околу 8% танин, околу 8% шеќери, малку етерично масло, смола, горчливи материи, сапонозиди итн.
За лек се собира сокот, ресите, листовите и кората.
Поттикнува потење и лечи болести на мочниот меур.
Брезата го намалува холестеролот, ја чисти крвта и делува против болести на црниот дроб.
Таа лечи срцеви едеми предизвикани од ослабена циркулација, артериска хипертензија и атеросклероза.
Помага во исфрлањето на вишокот на водата од организмот, помага во намалувањето на отоците, кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите.
Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тој помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото.
Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот.
Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта.
Се препорачува при грип, настинка и хронично воспаление на синусите.
Ја снижува температурата, ублажува главоболка и го зајакнува имунитетот.
Одлична е за намалување на притисок.
Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла киселината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест.
Разните билни препарати од бреза ја подобруваат циркулацијата и разградуваат тромбови. Се препорачува за тромбофлебит, воспаление на кожата, воспаление на градите, бронхит.
Брезата се употребува кај болести предизвикани од радијација.
Надворешно, се користи за подмладување на ткивата и го забрзува зацелувањето на раните без белег, дури и кај длабоки рани.
Исто така, ја подобрува концентрацијата, го зајакнува вниманието и го зајакнува организмот.
Превземено од БИЛКАРНИЦА – лекот е пет пари, само треба да го најдеш