Освен костими за капење за поголемите деца, немојте да заборавате на заштитни очила за сонце со висока UV протекција. Денес има секакви забавни очила, примамливи за секое дете. Исто така децата треба обавезно да ја заштитат главата со прекрасни, декоративни, летни капчиња, сламени шеширчиња или украсни марами. Помалите дечиња немаат потреба од костими за капење, а оние најмалите, односно бебињата можат да носат специјални гаќички за капење.