Dijabetin Caj Limes Mk
9605 Билна мешавина од црна црница и лушпи од грав - Дијабетин чај, 40 чесички

СОСТАВ:

  • Morus nigra L., Phaseoli legumen ., Myrtilli folium, Urtica dioica L., Centaurium erythraea, Taraxaci radix.

Содржи лист од црна црница, лушпи од грав, лист од боровинка, лист од коприва, кичица, корен од глуварче

Листот од црна црница содржи флавоноиди, фолна киселина, аспарагинска киселина, аденин, витамин Ц и каротин и позитивно влијае на намалување на нивото на шеќер во крвта.

Лушпи од грав – мешунките без семки содржат соли на хром кои даваат антидијабетично дејство.

Листот од боровинка содржи катехолни танини, леукоантоцијани, флавоноиди, алкалоиди, хидрохинон, соли на манган и хром и помага да се намали нивото на шеќер во крвта.

Листот од коприва содржи органски киселини со висока вредност, слободни амини (холин, серотонин), флавоноиди, каротеноиди, танини, кумарини. Поволно влијае на панкреасот и со тоа го поттикнува намалувањето на шеќерот во крвта.

ДЕЈСТВО:

Се користи како помошно средство за регулирање на нивото на шеќер во крвта со соодветна терапија и регулирана исхрана.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка чај прелијте ја со 2 дл врела вода, оставете ја покриена додека не се излади. Чајот пијте го незасладен три пати на ден, пред јадење.

Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.

Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading 5 Дијабетин чај – Билна мешавина со црница и лушпи од грав