Првутот е голем естетски, а со самото тоа и психички проблем со кој се соочува 1 на секои 5 луѓе на планетава, што е навистина многу. Тој не е воспалителен по природа но често пати е извор на дополнителни проблеми. Првутот (Pityriasis capitis) е всушност лесна форма на себороичен дерматит и се карактеризира со лесно до умерено  десквамирање (лупење)  на скалпот, без знаци на инфламација (воспаление). Се појавува кога ќе се скрати процесот на обновување на клетките на кожата на главата (регенерација), што доведува до забрзано лупење на рожнатите клетки на кожата, кои потоа се лепат и создаваат видливи лушпи.  Првутот не влијае на целокупното здравје и не е заразен, повеќе предизвикува депресија и комплекси кај оној кој го има. Почесто се појавува кај мажите, најверојатно поради хормоните.

Најчест предизвикувач на првутот е габичката Malassezia furfur која спаѓа во нормална микрофлора на скалпот, но под дејство на одредени фактори, се интензивира (настанува прекумерна репродукција на габата) и предизвикува лупење на кожата познато како првут, но и микроинфламации на масните подрачја на главата, што доведува до чешање и не ретко оштетување на фоликулите на влакната и нивно опаѓање.

Од почестите фактори кои предизвикуваат првут ќе ги спомнеме:

  • Неправилно миење на косата и чешлање – потребно е темелно миење со не многу врела вода, 2-3 пати неделно со соодветен шампон и обавезно чешлање со чешел кој не е премногу остар
  • Употреба на несоодветни козметички производи кои ја иритираат кожата и содржат силикони, парабени и други хемикалии (како лак, гел и други спрејови)
  • Долго време употреба на еден ист шампон кој предизвикува пречувствителност на кожата
  • Физички и емоционален стрес кој влијае на ендокрините жлезди
  • Временски услови – во есен и зима има тенденција да ескалира (почесто се појавува)
  • Наследна (генетска) предиспозиција
  • Егзема, псоријаза, Паркинсонова болест, премногу сува кожа
  • Нездрава исхрана – конзервирана храна, слатки, зачинета, пржена храна. Се препорачува исхрана со протеини, витамини (овошје), млечни производи, внесување на цинк во исхраната
  • Гастроинтестинални проблеми пропокачено ниво на бактеријата helicobacter pillory во крвта
  • Хормонални проблеми – зголемена продукција на себацеалните жлезди

СИМПТОМИ

  • Лупење на кожата, сквами
  • Чешање
  • Дехидрирана коса

ПОСЛЕДИЦИ

  • Емоционално нарушувае
  • Опаѓање на косата
  • Фоликулити и бактериска инфекција
  • Црвенило на кожата

ВИДОВИ НА ПРВУТ

Постојат 2 вида на првут, сув и масен.

Сувиот перут настанува кога кожата на главата е премногу сува, настанува чешање, наслагите се лесни и се распрскуваат по целата коса па таа изгледа сува и дехидрирана

Масниот првут настанува како резултат на зголемено лачење на себум, при што наслагите од првут се распоредуваат по целиот корен на косата и ја прават мрсна и сјајна.

ПРЕПОРАКА

Хигиена на скалпот 2-3 пати неделно со специјални шампони кои може да содржат:

  • цинк кој го намалува размножувањето на габата;
  • јаглен, сулфур, салицилна киселина кои имаат изразен ексфолирачки ефект и одлично го чистат скалпот од наслагите;
  • кетоконазол кој има антифгунгално дејство,
  • Selenium sulfide кој ја намалува продукцијата на природните масти на скалпот;
  • Октопирокс е антисептик кој ја забавува забрзаната репродукција на клетките;
  • билки за ублажување на симптомите на чешање, како невен на пример.

Повеќето од овие состојки имаат противвоспалително дејство. Ефективните средства против првут мора да содржат антифунгални состојки во нивниот состав, без разлика дали првутот е предизвикан од габичка или не, бидејќи многу често подоцна знае да се развие и таа.

Препораката е да се втрие убаво шампонот со лесна масажа и да се остави да отстои неколку минути пред да се исплакне. Исто така не се препорачува употреба на ист шампон многу долго време, за да не стане кожата премногу чувствителна на истиот. Користете квалитетени шампони исто како што користите квалитетни креми за лице на пример. Понекогаш кога немате првут, може да промените и да користите некои поблаги шампони па дури и бебешки за да ја одморите главата.

Употреба на козметички производи на база на билки збогатени со некои од состојките против првут, би било идеално решение.

Наша препорака е да го пробате шампонот против првут од Лимес кој дефинитивно покажал одлични резултати кај сите кои го користеле.

 
Continue Reading Првут, естетски и емотивен проблем
9109 Шампон против првут 250мл - 453 денари

Повеќе за првутот може да прочитате на тука

СОСТАВ:

Содржи октопирокс, екстракт на невен и кантарион, глицерин. Во комбинација со екстракти на лековити билки и активните компоненти, интензивно се отстранува првутот. pH е неутрален.

Октопироксот е лек кој продира низ целата кожа. Тоа е силен антисептик и го отстранува првутот. Неговата јачина ја регулираат екстрактите на невен и кантарион. Со оглед на тоа дека е антисептик, ги отстранува микроорганизмите и го намалува чешањето.

Кантарионот (hypericum perforatum) е богат со етерични масла. Има антисептичко дејство, ја подобрува циркулацијата и овозможува побрзо размножување на клетките-ја регенерира кожата. Кантарионот е природен лек против првут.

Екстрактот на Невен (calendula officinalis) го подобрува растењето на косата така што продира во клеточната плазма.

Што е првут? Настанувањето на првутот го предизвикуваат габички кои живеат на нашата кожа во текот на целиот живот. Се препорачува косата секогаш да се мие по интензивна физичка работа бидејќи потта го надразнува влакното и придонесува до создавање на првут. Лесно создавање на првут е нормално и тоа се отстранува при миење на косата. Меѓутоа доколку првутот се појави во поголема мера, во тој случај се работи за заболување, се спречува растење на косата и доаѓа до оштетување на влакното. Кај посериозни проблеми доаѓа до црвенило и лупење на кожата. Во зависност од типот на косата постои сув и мрсен првут.

ДЕЈСТВО:

  • Интензивно го отстранува првутот

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се користи за секојдневно миење на косата и заштита од првут. Шампонот се втрива во коренот на намокрена коса (се масира коренот околу три минути), се плакни и повторно се нанесува шампонот, се масира и се остава да делува 3-5 минути, за активните компоненти да делуваат на клетките. Бидејќи ова е малку посилен од останатите Лимесови шампони, може да предизвика пецкање доколку продре во очите. Кога првутот ќе го снема, треба да се премине на некој друг, исклучиво билен шампон (на пример, благиот шампон за секој ден).

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон против првут