9606 Урино чај, 40 кесички - 747 денари

СОСТАВ:

Содржи лист од Бреза, Килавица, Селен, Мечкино грозје, Коњско опавче.

ЛИСТ ОД БРЕЗА  со своето силно диуретско влијание го забрзува излачувањето на мокрачата и со самото тоа доаѓа до испирање на мокрачните патишта и бубрезите. Посебно се препорачува за лечење на бактериски инфекции на уринарниот тракт и при уретритис. Го прочистува организмот бидејќи ги плакни солите, песокот и камењата од бубрезите.

КИЛАВИЦА– [Herniaria glabra]  – помага во лечење на урогениталните органи, при заболување на бешиката, создавање на каменчиња, воспаление на мокрачните канали, хроничен циститис и уретритис, делува смирувачки на мускулатурата на бешиката.

Селен (Levisticum officinale) е успешен при појава на белковини во мокрачата и воспаление на бубрежните чашки. Спречува создавање на бубрежни камења, го подобрува протокот на крвта, го јакне целиот организам.

МЕЧКИНОТО ГРОЗЈЕ (Arctostaphyllos uva-ursi)  е исклучително лековита билка. Најдобри резултати покажува кај лечење на воспаление на мокрачните патишта и бубрезите. Го прочисува уринарниот тракт од бактерии, делотворна е во лечење на многу непријатната бактерија, ешерихија коли. Корисна е и во лечење на простата.

КОЊСКО ОПАВЧЕ (Equisetum arvense, fam. Equisetaceae)  – го поттикнува мокрењето. Има влијание кај пореметување на работата на бубрезите, ги ублажува грчевите во бешиката, болно и зачестено мокрење и слични здравствени проблеми. Најчесто се употребува за лечење на мокрачните канали но и како лек за намалување на камењата во бубрезите.

ДЕЈСТВО:

Помага при инфекции на бешиката и мокрачните патишта.

Урино чајот ги чисти бубрезите од кристали и песок, помага при болки, ја поттикнува работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го забрзува мокрењето, не дозволува таложење на тиња и песок и создавање на камења.

Мешавината на одбрани билки има дезинфекционо, диуретско и антисептичко дејство при разни воспаленија на бубрезите и бешиката.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка чај се прелива со два децилитри врела вода и се остава да стои покриено 30 минути. Се пие три пати на ден.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading 6 Урино чај – Билна мешавина со мечкино грозје и бреза