- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:07/07/2019
- Post Category:Колекција ЧАЕВИ
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Содржи лист од Бреза, Килавица, Селен, Мечкино грозје, Коњско опавче.
ЛИСТ ОД БРЕЗА со своето силно диуретско влијание го забрзува излачувањето на мокрачата и со самото тоа доаѓа до испирање на мокрачните патишта и бубрезите. Посебно се препорачува за лечење на бактериски инфекции на уринарниот тракт и при уретритис. Го прочистува организмот бидејќи ги плакни солите, песокот и камењата од бубрезите.
КИЛАВИЦА– [Herniaria glabra] – помага во лечење на урогениталните органи, при заболување на бешиката, создавање на каменчиња, воспаление на мокрачните канали, хроничен циститис и уретритис, делува смирувачки на мускулатурата на бешиката.
Селен (Levisticum officinale) е успешен при појава на белковини во мокрачата и воспаление на бубрежните чашки. Спречува создавање на бубрежни камења, го подобрува протокот на крвта, го јакне целиот организам.
МЕЧКИНОТО ГРОЗЈЕ (Arctostaphyllos uva-ursi) е исклучително лековита билка. Најдобри резултати покажува кај лечење на воспаление на мокрачните патишта и бубрезите. Го прочисува уринарниот тракт од бактерии, делотворна е во лечење на многу непријатната бактерија, ешерихија коли. Корисна е и во лечење на простата.
КОЊСКО ОПАВЧЕ (Equisetum arvense, fam. Equisetaceae) – го поттикнува мокрењето. Има влијание кај пореметување на работата на бубрезите, ги ублажува грчевите во бешиката, болно и зачестено мокрење и слични здравствени проблеми. Најчесто се употребува за лечење на мокрачните канали но и како лек за намалување на камењата во бубрезите.
ДЕЈСТВО:
Помага при инфекции на бешиката и мокрачните патишта.
Урино чајот ги чисти бубрезите од кристали и песок, помага при болки, ја поттикнува работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го забрзува мокрењето, не дозволува таложење на тиња и песок и создавање на камења.
Мешавината на одбрани билки има дезинфекционо, диуретско и антисептичко дејство при разни воспаленија на бубрезите и бешиката.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Една кесичка чај се прелива со два децилитри врела вода и се остава да стои покриено 30 минути. Се пие три пати на ден.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата