Жалфија (salvia officinalis)
Жалфијата е повеќегодишна билка висока од 50-90цм, со цветови во сино – виолетова боја. Потекнува од Јужна Европа. Билката е многу ароматична и има својствен мирис кој не се губи при сушење. Листовите се собираат додека се зелени, а се сушат во сенка и во добро проветрени простории на температура најмногу до 40 степени.
Жалфијата е богата со етерични масла, гликозиди, танини, сапунините, различни фосфати, каротин, витамин Ц, аспортин, оксална киселина, горчила, јаглехидрати, целулоза, белковини и други материи. И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот. Одамна ја нарекувале “симбол на вечниот дух” и тоа не е случајно. “Салваре” на латински значи “излекува, спасува”.
Жалфијата покажува:
- Антидепресивно
- Антисептично
- Антиспазматично
- Бактерицидно
- Антифлогистично
- Седативно
- Тонично дејство
- Овежува, смирува
- Помага при затегнување на ткива
- Ја намалува температурата
- Може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите
- Го подобрува помнењето и делува против Алцхајмеровата болест
- Ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот
- Успешно дејствува и при воспаленија на крајниците, а и при ларингитис или воспаление на гласните жици
- Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекување на афти, непријатен мирис, проблеми со грло и крајници, кариес и проблеми со непцата
- Жалфијата делува против зачестени повраќања и пролив, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот
- Жалфијата помага и кај работа на бубрезите и спречува појава на едем
- Поволно делува на женските тегоби. Го подобрува тонусот на матката, делува антигабично, помага при регулирање на менструацијата, воспоставува хормонска рамнотежа и спречува тешкотии при менопауза
Од жалфијата се употребува само листот кој е најлековит кога жалфијата почнува да цвета, а тоа најчесто е во Мај.
Добра е за:
- Плакнење на грло и уста
- Против акумулација на отрови
- За лечење на астма
- Дерматитис
- Кај проблеми со циркулација
- Мигрена, нервна исцрпеност
- Кај умор, стрес, нервна напнатост, депресија
- Го зголемува апетитот, го зајакнува организмот
Поради своето антисептичко дејство жалфијата го зајакнува имунитетот и ја намалува можноста за појава на болести.