🧼 Лимес Антибактериски течен сапун – Кога кожата те потсетува дека заслужува подобро

Не е магија. Не е лек – но е вистинска поддршка за подобрување и превенција при различни кожни состојби кај сите генерации, за кожа која само што се изгребала или пак веќе не знае како да се смири.

Антибактерискиот течен сапун на Лимес, со екстракт од босилек и без штетни хемикалии, е прва помош за секојдневни (и не толку секојдневни) кожни ситуации – кога нешто чеша, пецка, се воспалува или едноставно не изгледа како што треба.
Погоден за деца, тинејџери, спортисти, возрасни – и сите оние што сакаат чиста кожа без драматични приказни.

📌 За што се користи и како се применува:

🔵 Акни на лице и тело + Атероми (подкожни грутки)

Акни на тинејџерска но и на повозрасна кожа, на грб, на лице, пред менструација, после стрес, но и мали тврдокорни грутки на препони, под пазуви, што веќе неможеш да ги игнорираш.
Како се користи:

  • Миење со сапунот еднаш дневно

  • Потоа нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Смирување, чистење и природна нега

🔵 Миење лице со контактни леќи на очите

Да, сосема безбедно.
Како се користи:

  • Миење на лицето со сапунот – без вадење на леќите
    ✔️ Без пецкање, без иритација, со чувство на чистота

🔵 Габични инфекции на кожа (препони (tinea cruris), стапала (атлетско стапало) и слично)

Често после спорт, потење, долги денови во облека што „не дише“.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Потоа нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Комбинација што смирува

🔵 Превенција од габични инфекции во интимната зона (надворешна нега)

Знаеш оние денови после базен, со мокар костим, премногу колачи, стрес, тренинг, циклус, па и нервози што не те пуштаат? Да, тогаш.
Како се користи:

  • Надворешно миење со сапунот, еднаш дневно
    ✔️Безбеден, природен и нежен начин за одржување на секојдневна интимната хигиена, со чувство на свежина и удобност

🔵 „Миризливи нозе“ кај тинејџери, спортисти и мажи

Ситуација кога дури и обувките „дишат со олеснување“.
Како се користи:

  • Нанесете го сапунот на суви стапала и меѓу прстите, оставете 10 минути, потоа исплакнете.

  • Потоа нанесување од Лимес мелем против потење на нозете
    ✔️ Не само што се спасуваат патиките туку се спасува и атмосферата – во станот и во бракот

🔵 Изгребаници, микроповреди, посекотини во кујна

После фудбал, пад од точак, или сецкање зеленчук без даска.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Потоа нанесување на Семејна крема
    ✔️ Чистење, дезинфекција и побрзо закрепнување

🔵 Рани по породување, царски рез, хируршки интервенции и мини-инвазивни зафати (пример отстранување на папиломи, третман на враснати нокти и слично)

Кога треба нежен, но ефикасен начин за одржување на хигиената.
Како се користи:

  • Нежно миење со сапунот

  • По потреба нанесување на Семејна крема Лимес
    ✔️ Природна грижа, без хемија, без печење

🔵 Хемороиди

Кога седењето станува предизвик од повисок степен.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • Нанесување на Семејна крема Лимес

  • Завршница со Хемолим гел од Лимес
    ✔️ Трио кое ја смирува ситуацијата… и задникот

🔵 Алергии на кожата (црвенило, осип)

Непознат извор, но познато решение.
Како се користи:

  • Миење со сапунот

  • По потреба – Семејна крема Лимес
    ✔️ Смирување без дразнење

🔵 Редовна хигиена после надворешни активности

По училиште, градинка, јавен превоз со автобус, игралишта или болници.
Како се користи:

  • Се мијат рацете со сапунот
    ✔️ Практична заштита со природна формула

✔️ За чисти раце и мирна глава

💬 Што велат од Балканот?

🗣 „Јелена од Нови Сад имаше постојани вагинални габични инфекции – и не можеше да престане да фаќа пози за да се почеша без да ја видат сите. Лимес ѝ го реши тоа!“
🗣 Реуф од Тузла кога ќе ги соблече чорапите… се евакуираме. Откако користи Лимес – можам и јас дома да дишам.“
🗣 „Малата Тара од Подгорица секој ден си доаѓа со нова „рана“ од игрите во двор или од возење точак. АБС Сапунот и Семејната крема се веќе дел од приборот за игра.“
🗣 „Биба од Скопје со месеци не излегуваше од дома поради акните – сега излегува, се шминка и прави видеа како да е beauty блогер!“

🎯 Не е аптека – ама помага. Не е хемија – ама делува.

👉🌸 Природно, ефикасно и со љубов направено
Антибактерискиот течен сапун Лимес е твојот секојдневен сојузник за чиста кожа, здравје и мирна совест. Затоа што кога кожата дише – и ти се чувствуваш подобро!

🔗 Погледни го тука и додај го во твојата рутина:
👉 Антибактериски течен сапун Лимес