Шампон за секој ден (9105) 500мл - 299 денар, (9106) 250мл - 199 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин.

Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.

Копривата (urtica dioica) е одлична против опаѓање на косата. Исклучително здрава билка богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2,К, и каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, калциум, фосфор. Копривата има моќ да продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво. Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.

Липа (tilia cordata) лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Содржи железо, калциум, соли на манган, етерично масло, флавоноиди, сапонини, гликозид, танин, полисахарид, витамин Ц. Ја опушта и смирува кожата и влакното.

ДЕЈСТВО:

  • Го јакне коренот на косата
  • Ја омекнува кожата на главата и косата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Дава волумен, сјај и лелеавост на косата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за секој ден за нормална коса
Nokna krema so propolis Limes Mk Bibi
9217 Природна крема – ноќна, 60 мл

СОСТАВ:

Природна ноќна крема со пчелин восок, екстракт од прополис и масло од јојоба за нега на исклучително сува кожа. Mеханизмот на делување на кремата на кожата е дизајниран така што кога се нанесува се создава филм полупропустлив за вода, со што овозможува водата од кремата да не испари од површината на кожата, туку со природните активни компоненти продира во подлабоките слоеви на кожата, ги храни клетките, ги неутрализира оксидативните ефекти на клеточната мембрана, го забавува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век. Сите овие процеси во кожата се поинтензивни во текот на ноќта, па се препорачува како природна крема за ноќна нега на лицето.

Јојоба маслото е растителна смола добиена од плодовите на мексиканско растение. Индијците први го користеле за лекување на рани и како средство за дехидрација на кожата и косата, со оглед на тоа што постојано биле изложени на сонце. Го нарекувале течно злато. Исклучително ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немрсен липиден слој и спречува губење на влага, а потоа го омекнува ткивото. Со користење на производи базирани на масло од јојоба, кожата станува мека и фина и кадифена. И овозможува на кожата да дише слободно, длабоко ја храни, не ги затвора порите и во исто време ги хидрира сувите делови на кожата. Поради високата содржина на јод има антимикробно дејство кое спречува развој на габи и бактерии на кожата. Се користи за изгореници од сонце и испукана кожа.

Прополисот е пчелин производ кој делува против бактерии, габи и воспаленија. Има анестетичко, антиоксидативно дејство, ја стимулира регенерацијата на ткивата. Бактериите не развиваат отпорност кон него, нема штетни несакани ефекти. Прополисот го подобрува клеточниот метаболизам, што доведува до затегнување на кожата.

Восокот ја прави кожата мазна и еластична, а со тоа влијае и ја зголемува отпорноста на кожни болести. Обезбедува хидратација на кожата.

Глицеринот го прави кремот полесен и овозможува кожата подобро да ја впие кремата и кожата добро да дише.

Д-пантенолот дополнително хидрира, ја одржува еластичноста и мекоста, што и одговара на сувата кожа.

ДЕЈСТВО:

  • Делува  антиоксидативно и биостимулативно
  • Длабински го интензивира клеточниот метаболизам
  • Обезбедува хидратација на кожата
  • Ги храни клетките на кожата, ги регенерира и поттикнува создавањето на нови
  • Го успорува стареењето на клетките – го продолжува нивниот животен век
  • Со користење на кремата кожата станува затегната, сјајна и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Кремата се употребува навечер, а во зависност од типот на кожата може и преку ден. Се нанесува на претходно исчистена кожа со благо втривање, со што се овозможува длабинско делување во поглед на интензивирање на метаболизмот на клетките. Многу е хранлива и мрсна и затоа за еден дневен третман е потребна многу мала количина од кремата. Посебно се препорачува на лица со сува, испукана кожа. Кај сувиот тип на кожа дополнително ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и мекост поради содржината на Д- пантенол.
 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Природна крема, ноќна