Грижата за вашето тело е секојдневна активност која не треба да се запостави. Но ваш е изборот дали ке се негувате со природни производи на база на билки, или пак со некоја искомерцијализирана козметика полна со хемиски состојки штетни за вашето здравје. Лимес ви нуди огромна палета производи на база на билки за нега на мажи, жени и деца кои се потполно безбедни, без агресивна хемија, со повеќе од 20 години позитивно искуство од задоволни клиенти низ цел Балкан и пошироко.

9406 Акнелим 30 мл- 913 денари

СОСТАВ:

АкнеЛим Pelle Pulita gel е специјално осмислена формула базирана на природни состојки од екстракти од: кора на даб, приморски бор, семе од билката тамаринда и активен комплекс на бета глукан, дериват на витамин Б5, алантоин, диглицерин, кои во повеќето случаи успешно помагаат во отстранување на постоечките и спречување на појава на нови акни.

Екстрактот од семе на билката тамаринд е природен хијалурон кој:

  • ја смирува кожата,
  • помага кожата да остане хидрирана,
  • Има антиоксидативни својства со што ја штити кожата од надворешни влијанија.

Активен комплекс на бета глукан од ќелиските ѕидови од посебен вид на пекарски квасец

  • помага во отстранување на вишокот на себум,
  • го поттикнува имуниот систем на кожата и со самото тоа придонесува за урамнотежување на микробиомите на кожата (го намалува растот на „лошите” и го поттикнува растот на „добрите”  микроорганизми).

Екстракт од кора од приморски бор

  • има исклучително антиоксидативни својства со што придонесува за урамнотежување на микробиомите на кожата
  • jа зголемува отпорноста на ќелиите на кожата на дејството на надворешните фактори.

 Екстракт од кора од даб

  • ја регенерира кожата
  • делува против воспалително
  • помага за подобра контрола на количината на себум.

 Дериват на витамин Б5

  • придонесува за правилно функционирање на кожната бариера
  • jа подобрува регенерацијата на кожата и зараснување на раните.

 Алантоин

  • хидрира
  • го ублажува чешањето и црвенилото на кожата
  • Ја обновува оштетената кожа.

 Диглицерин

  • и помага на кожата да ја задржи влагата
  • jа прави кожата помека и помазна.

ДЕЈСТВО:

  • Совршен тен
  • Хидратација
  • Кожа без акни
  • Мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Гелот се нанесува со прсти со благо натапкување на чиста кожа наутро и навечер.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Акнелим
9312 Пилинг крема, 100мл - 725 денари

Ќелиите на кожата редовно се обновуваат: нашата кожа е потполно нова на секои 28 дена! Пилингот не само што ги отстранува мртвите ќелии на кожата, туку во исто време ја поттикнува циркулацијата. По пилингот кожата подобро ги впива производите за нега со што тенот станува поблескав и сјаен.

Пилинг кремата е наменета за сите типови на кожа. Посебно се препорачува за нега на сува, рапава и испукана кожа.

СОСТАВ:

Пилинг кремата во својот состав содржи висока концентрација на екстракт на камилица, какао путер, рицинусово масло и мелени лушпи од семки од кајсија

Благите, нежни и исклучително ефикасни, мелени лушпи од семки од кајсија ги отстрануваат изумрените ќелии од површината на кожата поттикнуваат обновување на кожата, ја враќаат свежината на кожата и ја оставаат чиста.

Екстрактот на камилица во својот состав содржи флавоноиди, кумарин и слуз кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и знаците на фотооштетување на кожата, ја подобруваат текстурата и еластичноста на кожата. Екстрактот на камилица ја штити кожата од негативни надворешни влијанија. Навлажнувајќи ја кожата помага во зачувување на нормална и здрава функција. Има и антиоксидативно влијание, па е корисен и во превенција од стареење на кожата. Го намалува црвенилото предизвикано од УВ зраците. Дејството на екстрактот е смирувачко, освежувачко, тонизирачко, ја поттикнува гранулацијата и епителизацијата на ткивата, го намалува чешањето. Своето смирувачко и антимикробно својство во најголема мера го должи на бисаболол, хамазулен и флавоноидите.

Какао путерот ја штити кожата, го успорува губењето на водата, формирајќи бариерна заштитна обвивка. Создава заштитен филм на кожата, давајќи и мазност. Спречува сушење на кожата.

Рицинусовото масло на кожата остава чувство на мекост и мазност.

ДЕЈСТВО:

1. Ги отстранува мртвите ќелии на кожата

2. Ја поттикнува циркулацијата

3. Ја смирува кожата

4. Хидрира

5. Го регулира себумот

6. И дава сјај на кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Нанесете ја пилинг кремата на чиста и сува кожа на лицето. Со благи кружни движења втријте ја кремата на кожата на лицето. Оставете кожата да ја впие кремата, а вишокот од лушпите од семки од кајсија отстранете ги по неколку минути. Пилинг кремата може да се употребува еднаш до два пати неделно.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Пилинг крема
9216 Гел за коса, 250мл - 363 денари

СОСТАВ:

Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон.

Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното (за кератинот) и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.

Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.

Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува  екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелиите, а со самото тоа и раст на косата.

Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.

ДЕЈСТВО:

Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Гел за коса
9110 Интензивен балзам плус, 250мл (Кондиционер со протеин) - 331 денар

СОСТАВ:

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на „цветање“, ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост.

ДЕЈСТВО:

Балзамот има тројно дејство за регенерација на косата: има моментално дејство на кондиционирање на косата и ја одржува нејзината природна влажност.  Со употреба на балзамот косата станува лелеава, сјајна, мека и лесно се обликува. Ја регулира pH вредноста. Благодарение на присуството на протеините ја регенерира и зајакнува структурата на здравата и оштетената коса.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува по секое миење на косата, белење, трајна ондулација и бојадисување. По миење на косата се нанесува балзам, се расчешлува косата и се остава да делува 1 минута. Потоа косата се плакне со млака вода и фризурата се обликува на вообичаен начин.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Интензивен балзам плус – кондиционер со протеин
9209 Силико серум капки, 30мл - 725 денари

СОСТАВ:

Содржат специјална формула за заштита на фарбана коса , збогатени со витамин Е и средство за регенерација на оштетените краеви на косата.

ДЕЈСТВО:

Еколошко средство, ја храни, обновува и го зголемува сјајот на косата. Специјална формула на комбинација на силикон за нега и заштита на оштетени „расцветани“ краеви  и сува коса.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Многу мала количина серум се става на прстите и се втрива на врвовите на косата. Може да се аплицира на сува или влажна коса.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Силико серум капки
limes pakovanje za kosa
9210 Пакување за коса, 250мл - 385 денари

СОСТАВ:

Производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед.

Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, негува и ја штити косата и кожата на главата.

Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува смирувачки и антибактериски.

ДЕЈСТВО:

Производот е наменет за нега на сите типови на коса. Посебно дејство има на сува, оштетена, фарбана коса, коса третирана со разни киселини, мини вал. Одличен за расчешлување на виткана коса дури и кај мали дечиња. 

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува на сува или пак на влажна коса, се остава неколку минути да делува (во зависност од типот и степенот на оштетување на косата), а потоа се плакни со вода. Во комбинација со шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. После миење на косата, може да се втрие во коренот на косата и да се остави да одстои, што ќе делува до следното миење на косата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Пакување за коса
9215 Крема за нега на коса Брилијантин, 150мл - 513 денари

СОСТАВ:

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Кремата е произведена по СПА принципи, ја враќа влажноста и еластичноста на косата. Во нејзиниот состав влегуваат посебно одбрани суровини, Д-пантенол и активни компоненти на коприва и невен.

ДЕЈСТВО:

Кремата е погодна за нега на коса со оглед на тоа дека надворешната фаза ја сочинува водата која ја враќа еластичноста на влакното. Масните компоненти на косата и даваат сјај и ги обвиткуваат влакната, додека емулгаторот овозможува влажнење на косата и лесно нанесување на препаратот. Кремата ја негува косата, и дава сјај и овозможува лесно чешлање. Со употреба на кремата косата станува сјајна, убава и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува на сува коса, не ја лепи косата и лесно се плакне. Активните принципи: коприва, невен и Д-пантенол, заедно со масните материи, ја регенерираат оштетената коса, ја хранат и негуваат, делуваат на влакното, ја забрзуваат циркулацијата на крвта, со што се поттикнува развој на ќелиите и побрз раст на косата.

Continue Reading Крема за нега на коса Брилијантин
Шампон за масна коса (9103) 500мл - 299 денар, (9104) 250мл - 197 денари

СОСТАВ:

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.

Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата.Богата е со калциум, фосфор, железо, натриум , а содржи и витамини Ц, А, Б и К. Копривата продира до лојните жлезди, го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуваат кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.

Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата. Активниот принцип го дава етеричното масло кое е составено од терпентински јаглеводороди и смола која во себе содржи кетони и феноли. Хмељот е антисептик,  смирува и тонизира.

Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Содржи етерично масло, танин, витамин Ц, восок, трипертенски алкохол. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење  на масните материи.

Како доаѓа до проблем со мрсна коса? Мрсната коса ја предизвикува претераното лачење на лојните жлезди, како последица на стрес, лоша исхрана, гени, хормонско пореметување. Косата брзо се мрси и покрај редовно миење и го отежнува обликувањето на фризура. Изгледа неуредно и се раздвојува на прамени.

ДЕЈСТВО:

  • Ја намалува маснотијата
  • Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
  • Косата станува мека и мазна
  • Се намалува бројот на миења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.

Препорака: Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за масна коса
Шампон за секој ден (9105) 500мл - 299 денар, (9106) 250мл - 199 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин.

Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.

Копривата (urtica dioica) е одлична против опаѓање на косата. Исклучително здрава билка богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2,К, и каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, калциум, фосфор. Копривата има моќ да продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво. Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.

Липа (tilia cordata) лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Содржи железо, калциум, соли на манган, етерично масло, флавоноиди, сапонини, гликозид, танин, полисахарид, витамин Ц. Ја опушта и смирува кожата и влакното.

ДЕЈСТВО:

  • Го јакне коренот на косата
  • Ја омекнува кожата на главата и косата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Дава волумен, сјај и лелеавост на косата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за секој ден за нормална коса
9214 Лак за коса, 225мл - 725 денари

СОСТАВ:

Еко лак за коса со билни екстракти на бреза и коприва. Лакот не содржи туткал.

Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, ја негува и ја штити косата и кожата на главата.

Екстрактот на коприва (Urtica dioica), го зајакнува коренот на косата и спречува опаѓање на косата. Успешно ја формира косата во саканите облици.

ДЕЈСТВО:

Ја негува косата давајќи и природен сјај и здрав изглед. Активните компоненти поволно влијаат на коренот на косата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Лакот рамномерно се прска на веќе формирана фризура. Со употреба на лакот за коса, фризурата долго време го задржува саканиот облик.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Лак за коса