
СОСТАВ:
Содржи екстракт на босилек и глицерин при што многу делотворно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и замастени површини од сите типови на нечистотии, кое истовремено дезинфицира и дезодорира.
ДЕЈСТВО:
Се употребува во домаќинството за чистење на елементите во кујната, тави, модерни садови, санитарии, пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети (бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава блескава белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува третираната површина. Оваа паста е исклучително штедливо средство, како финансиски така и еколошки. Навлегува низ наталожената нечистотија и чисти, а при тоа не остава траги и гребнатинки.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
На влажна површина се нанесува тенок слој од пастата, се остава да делува неколку минути, а потоа се плакни или се пребришува со влажна крпа. Важно е пакувањето на пастата секогаш да биде суво и да не влезе вода. Активната материја да се зема со суви раце затоа што во допир со вода се активира.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:
- Лажица паста растворена во вода може да се употребува за вриење на бела облека.
- За чистење на рерна треба да се вклучи на 50 степени, површината која се чисти да се навлажни и да се нанасе паста. Се чека да делува 1 час и потоа површината треба да се пребрише.
- Изгоретини од врело масло, пегла или врела вода најпрво да се изладат под млаз ладна вода и потоа да се намачка со паста. Се остава да отстои 30 минути. Искуството кажува дека пликови нема да има.
- Може да се употребува за пилинг на лакти, колена и петици бидејќи содржи козметички топчиња.
- Ги омекнува тврдите нокти.
- Многу брзо суши плускавци.
- Може малку да се нанесе преку пастата за заби и со тоа да се исполираат забите. Ова се препорачува да се прави 2-3 пати во месецот.
- Се употребува за чистење на греачите кај машините за перење облека. Кога се перат бели алишта во прашокот за перење се става една кафена лажица од пастата и каменецот од греачите се исфрла во текот на перењето.
- Доколку на кожата постојат некои оштетувања (рани, исекотини или гребнатинки), екстрактот на невен ја штити кожата на рацете од негативни влијанија и помага при заздравување.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата