9603 Кардио чај, 40 кесички - 747 денари

СОСТАВ:

Цвет и лист од глог, Жалфија, Кантарион, Маточина, Шипка, Оригано (Вранилова трева).

ДЕЈСТВО:

Се користи за регулирање на крвниот притисок, ги чисти и зајакнува крвните садови. Пред се е наменет за регулирање на високиот крвен притисок, но може да се користи и за регулирање на нискиот крвен притисок. При регулирањето на нискиот крвен притисок, чајот треба да се користи во помали дози, со задолжително контролирање на крвниот притисок.
Чајот помага и при намалување на притисокот во организмот и смирување. Од таа причина, може да го пијат и лица кои имаат проблеми со несоница, навечер пред спиење. Може да се комбинира со чајот број 1 (Ранкин чај ) и со чајот број 2 ( Пробавит чај).

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една вреќичка чај во 2дл врела вода. Се лади. Се пие во мали количества, а што почесто. Се пијат 2-3 шољички чај во текот на денот со контролирање на крвниот притисок. Содржината на вреќичката може да се пие и разматена во јогурт.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading 3 Кардио чај – Билна мешавина со глог и кантарион
9601 Ранкин чај, 40 кесички - 747 денари

СОСТАВ:

Мајчина душичка, Шипка, Коприва, Петровец, Жалфија, Вранилова трева, Маточина, Кантарион (Посеклива трева), Бозел (Зовин цвет)

Мајчина душичкаThymus serpyllum L., Thymus vulgaris – бабина душица, буковица, вресковина, див босилек, душичка, мајчина душичка, тeмјанка. Мајчината душица е еден од омилените лекови во народната медицина. Содржи етерично масло што има: тимол, карвекрол, смола, минерални соли и други материи. Тимолот припаѓа во група соединенија познати како биоциди (супстанци кои можат да ги уништат штетните организми). Чајот од мајчина душица се препорачува за искашлување при настинки, ја смирува кашлицата, успешно го разложува секретот во брохиите и го спречува ширењето на инфекциите, како средство за смирување и за добар сон, при проблеми со органите за варење на храната. Има прекрасен опоен мирис.

Шипка, шипинкаRosa canina – Шипката е богата со лековити материи и научно е докажано дека плодовите од шипка содржат големи количини на Ц витамин и тоа од 0,5-2%. Значајно е дека и листот може да има 0,4% витамин Ц. Понатаму шипката содржи доста витамин П, потоа каротин од 12-18мг%(провитамин А), еутамин В2, ПП и витамин К. Шипката исто така содржи флавоноиди – кверцетин, изокверцетин потоа органски киселини, лимонска и јаболчна киселина 3%, танини 2,5%, пектини 10%, шеќери 15%(инвертен и сахароза), малку етерични масла (со алдехиди) од кои потекнува пријатната арома кај чаевите и минералните материи. Шипката претставува многу добар природен лек кој поседува три важни својства и тоа: го подобрува имунитетот, делува адстрингентно и силно антимикробно. Се користи за лекување на болести предизвикани од недостаток на витаминот Ц и тоа за подобрување на имунитетот, при заболување на горните дишни патишта – грип, настинка, бронхитис и пнеумонија. Шипката преку составните компоненти делува силно антиоксидантно, го зајакнува колагенот, сврзното ткиво, рскавицата, тетивите, коските и мускулите. Витаминот Ц кај шипката ги стимулира жлездите со внатрешна секреција како што е хипофизата и кората на надбубрежната жлезда. Поради содржината на витамин К и витамин Ц шипката се користи при крварења во стомакот и белите дробови и цревата. Многу е корисна кај малите деца, па и кај возрасните при проливи каде танините од шипката делуваат адстрингентно, а истовремено делуваат како природни антибиотици. Шипката има и диуретично дејство и се користи за болести на уринарните патишта, намалува отоци, стимулира елиниминирање на песок и ги раствора неорганските камења. Шипката го подобрува апетитот, го подобрува метаболизмот, поради што треба почесто да се употребува.

КоприваUrtica dioica – богата е со хлорофил, има многу минерални материи и тоа калиум, магнезиум, калциум, силициум, железо, фосфор. На сува материја минералните материи се застапени од 15-20%. Во копривата има многу органски киселини мравја, оцетна, оксална, килибарна, лимонска, фосфорна, салицилна и силициумова киселина. Од витамините застапени се витамин К, Ц, А, В2 и В5. Исто така во копривата има многу хистамин, холин, ацетил холин, бетаин, лецитин, сератонин, стероли, цитостерини, флавониди и тоа кверцитин и гликокортин. Има танини, протеини и шеќери, а коренот е богат со скроб. Копривата е еден од  најдобрите лекови против слабокрвност односно за лекување на анемии. Лековитоста доаѓа од железото, фолната киселина, Ц витаминот и хлорофилот. Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик. Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините. Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата. Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб. Гликокининот го намалува шеќерот во крвта па копривата е убаво да ја користат и шеќерашите. Копривата ги намалува и мастите во крвта, а делува и како антисклеротик. Копривата е чај за чистење на телото. Преку подобрување на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на анемија. Помага при ангина пекторис која е исто последица на анемијата. Не само што го јакне организмот го јакне и срцевиот мускул. Копривата е еликсир на животот.

Петровец – Agrimonia eupatoria – Арамлиска трева – содржи танини од 10 па до 25% и тоа галотанини, потоа содржи флавониди – кверцетини, шеќери, полисахариди, етерично масло, силициумова киселина, витамин Ц, А и К, фолна киселина, органски киселини и минерални материи. Петровецот се вика арамлиска трева затоа што ајдутите ја користеле оваа билка за лекување на рани, посекотини и повреди на кожата во форма на облози и масти. Петровецот поседува антивирусни и антибактериски својства. Се користи за лекување на стомачни заболувања и тоа: за лекување на гастритис, воспаление на тенкото црево, воспаление на дебелото црево, лекување на пролив и дизентерија, воспалени хемороиди, а претставува еден од најдобрите природни лекови за лекување на заболување на црниот дроб и жолчката. Делува на бубрезите, го зголемува мокрењето и се намалуваат отоците, ја подобрчува и циркулацијата, а може да го намали и крвниот притисок. Во стоматолошката пракса при воспаление на усната шуплина, гингивите и грлото во комбинација со ајдучка трева, жалфија и камилица се користи како чај за гаргара и пиење и брзо доаѓа до смирување на воспалението.

ЖалфијаSalvia offi cinalis L. – богата со етерични масла, гликозиди, танини, сапунините, различни фосфати, каротин, витамин Ц, аспортин, оксална киселина, горчила, јаглехидрати, целулоза, белковини и други материи. И според најстрогите критериуми, таа може слободно да ја понесе титулата за најлековита билка во светот. Одамна ја нарекувале “симбол на вечниот дух” и тоа не е случајно. “Салваре” на латински значи “излекува, спасува”. Има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува, ја намалува температурата, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите, го подобрува помнењето и делува против Алцхајмеровата болест, ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот, успешно дејствува и при воспаленија на крајниците, а и при ларингитис или воспаление на гласните жици. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија. Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата.  Жалфијата делува против зачестените повраќања и проливот, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот. Жалфијата помага и кај работата на бубрезите и спречува појава на едем. Поволно делува на женските тегоби. Го подобрува тонусот на матката, делува антигабично, помага при регулирање на менструацијата, воспоставува хормонска рамнотежа и спречува тешкотии при менопауза.

Вранилова трева – РигенOriganum vulgare – планински чај и балкански чај, овчарски босилек, оригано. Главните лековити компоненти се етерното масло кое го има од 0,3-1,2 % и кое е богато со тимол, карвакрол, пинен, линалол, лимонен и мирцен. Ригенот содржи и танини од 8-10%, потоа горчливи материи, флавониди, витамин А и Ц, антоцијани, масти, железо, флорна киселина и хлорофил. Ригенот е извонреден природен лек и чај за секојдневна употреба. Претставува добар антисептик, експекторанс, бронходелататор, холеретик и благ диуретик. Се користи за лекување на заболување на дишните патишта и тоа при настинки, за искашлување, бронхит, астма, бронхопневмонија. Поради содржината на танини, ригенот е ефикасен за болести во желудникот, цревата, гастритис, колитис, метеоризам, дијареја – проливи кај деца и возрасни каде пациентот се рехидрира и истовремено чајот делува антибактериски. Ригенот предизвикува и благо потење при што ја намалува и телесната температура, ја подобрува работата на жолчката и црниот дроб, крвните садови (капиларите), одличен е против анемија поради содржината на железо, фолна киселина и хлорофил, исклучително добар и за бубрезите и мочните патишта, за смирување на нервниот систем се користи како благ седатив, против анксиозност, штити од рак, бидејќи има антиканцерогено дејство. 

МаточинаMelissa offi cinalis – Лимонова треваСоржи етерно масло кое го има од 0,2-0,5%. Етерното масло содржи над 70 компоненти и тоа: цитрол, цитрал, гераниол, цитронелол и други. Листот содржи исто така танини, горчливи материи, слузи, смоли, минерални материи, витамини и органски киселини. Се користи како благ седатив за лекување на несоница, душевен немир, напнатост, страв и против депресија. Ги намалува стомачните болки, стомачните грчеви, ја подобрува функцијата на цревата, делува против воспалително, а поради содржината на танини може да лекува и пролив. Исто така маточината е добар холагок го подобрува функционирањето на црниот дроб и на жолчката. Во народната медицина маточината е стар лек за лекување на покачен крвен притисок, срцева аритмија и лекување на ангина пекторис. Спазмолитичниот ефект ги шири крвните садови, а седативниот помага при заболување на дишните патишта делува бронходелататорно го олеснува дишењето, етерното масло има антимикробно и антисептично дејство, а го олеснува искашлувањето.

КантарионHypericum perforatumПосеклива трева – докажано е дека во цветот и во листот има една материја хиперицин со концентрација од 0,1- 0,2’%, етерно масло од 0,05-0,5% која содржи алфа пинен, кадинен и малку хамазулен. Кантарионот содржи и флавониди, рутозид, кверцетозид, хиперозид, танини 10-15%, органски киселини и минерални материи. Кантарионот е лек од античко време па до денеска. Претставува извонреден лек за стомачни заболувања, воспален желудник, чир на желудник, чир на дванаесетопалачно црево, воспаление на тенко и дебело црево, како и при воспалени хемороиди. Бидејќи содржи многу танини претставува многу ефикасен лек за лекување на пролив кај возрасни и кај деца. Најнови сознанија за кантарионот – има силно влијание врз емотивното здравје односно помага кај пациенти кои страдаат од акутна и хронична депресија. Ја подобрува циркулацијата и кај пациенти кои имаат проблеми со артериска и венска циркулација дава добри резултати, ефектот е од флавонидите.

Бозел, базга, боз – Sambucus nigra – богат е со лековити материи, во цветовите се откриени над 65 компоненти кои му даваат висока
лековитост на ова растение. Содржи етерно масло 0,025% гликозиди (самбунигрин, рутин) флавониди, органиски киселини, тритерпени, смоли, танини, слузи, содржи витамин Ц. Кората содржи валеријанова киселина, а плодот витамин А, витамин Ц, витамини од групата на В комплекс, шеќери, железо. Бозелот се користи како силно антивирусно растение, претставува силен дијафоретик или средство за предизвикување на потење, ја намалува телесната темпеаратура, делува противвоспалително, го зголемува мокрењето и се користи како средство за слабеење. Претставува силен лек за лекување на болести кои се јавуваат на респираторниот систем и тоа: грип, настинка, бронхитис, пневмонија, ги ублажува и симптомите кај пациенти болни од туберкулоза. Помага и при воспаление на усната шуплина, а во форма на инхалации се користи при воспалени синуси. Исто така се употребува како диуретик и средство за зголемено мокрење, при заболување на бубрезите и мочниот меур, елиминира песок, а го намалува и крвниот притисок. Бидејќи доведува до елиминирање на течности во организмот може да се употребува и против отоци на телото. Плодовите се ефикасни за подобрување на перисталтиката на цревата и се користат против запек.

ДЕЈСТВО:

Овозможува внесување на потребни материи во организмот, кои придонесуваат за создавање на одбрамбениот систем, имунитетот. Имуниот систем е одбрамбен систем на организмот кој го заштитува организмот од напади на надворешни микроорганизми (вируси, бактерии, габички, паразити), нивните хемиски супстанци (токсини) како и сопствените изменети и истрошени ќелии. Современиот начин на живот е честа причина за стрес и пад на имуниот систем.

  • Создава силен одбрамбен систем на организмот
  • Помага кај настинка и воспаленија на
  • Грло
  • Крајници
  • Синуси
  • Помага кај бронхитис и астма

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка во 3 децилитри вода или две кесички во 1 литар вода. Се засладува по желба, се пие 2-3 пати во текот на денот, изладен.

Постои можност за комбинација со Пробавит чај и со Кардио чај.

Погоден е за сите возрасти, може да го пијат и повозрасни лица и деца над 10 години. Треба да се има во предвид при консумирање на чајот кај деца може да се појави повраќање и тешкотии. Чајот предизвикува зголемено потење и мокрење, како и честа столица, со оглед на тоа дека ги исфрла токсините од организмот.

Чајот може да се користи и како капки за нос. Изладен чај се става во шишенце од капки за нос и се прска во носот или се вшмркува од дланка. Се препорачува да се вшмрка од дланка, бидејќи на тој начин се зголемува неговото дејство, се навлажнуваат сунусите, престанува главоболката и се чисти секретот од грлото.

Исто така овој чај може да се употребува и како сируп со додавање на 1-2 лажици мед на 1 децилитар чај. Се пие без засладување во текот на денот голтка, по голтка.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading 1 Ранкин чај