🔥 Кога акните се борат за доминација, а кожата ти вика „доволно беше“

Се избрич пред важен состанок – и после 20 минути, те пецка, кожата поцрвенува и изгледа како да си се бричел со ренде.
Се разбуди со три нови акни кои се борат за доминација – баш кога имаш интервју, свадба или она парче самодоверба ти виси на конец.

А рацете? Кај медицинските сестри и докторите – испукани од сто перења. Кај автомеханичарите – груби како шмиргла. Кај фризерите – иритирани од бои и хемикалии…

Семејната крема на Лимес не е козметика за декорација, не глуми луксуз, нема златно капаче, таа е паметна крема што знае да се снајде во секоја ситуација, ја разбира твојата кожа. Таа е практичен одговор кога кожата се буни – без разлика дали е лице, раце или петици. Смирува, штити и остава слој што не се пере со првиот млаз вода.

Одлична е за мали дечиња, но и за повозрасни лица, перфектна за вработени во амбуланти, болници, градинки, училишта, автосалони, фризерски салони, бјути центри, масажни салони, градинарски центри, но и за секојдневна нега кај тинејџери, подлога за шминка кај дами со стил, за секој момент од денот.

Кога кожата нема трпение – оваа крема има решение.

 

🌿 Сила од билки и глицерин

✳️ Невен – природен регенератор

Невенот е познат по својата антиинфламаторна и регенеративна моќ, што значи дека ја смирува надразнетата кожа, ја поттикнува нејзината обнова и ја ублажува иритацијата.

✳️ Босилек – природен антисептик

Босилекот има антибактериско и антисептичко дејство, што значи дека помага да се смири воспаление, спречи ширење на бактерии и поддржи заздравувањето.

✳️ Глицерин – хидратација што се чувствува

Глицеринот ја навлажнува кожата длабински и ја задржува влагата таму каде што треба. Затоа оваа крема не само што смирува, туку и омекнува, ја враќа флексибилноста и спречува дополнително сушење.

 

💚 За што се користи? – сè што некој испробал

🟢 Кај акни, воспалени бубулички, особено кај тинејџери – прво се мие со антибактерискиот течен сапун на Лимес, а потоа се нанесува семејна крема
🟢 Црвенило и иритации после бричење, депилација, шишање со машинка, мали микроповреди, ранички, посекотинки
🟢 Испукани раце, пети, лакти, особено кај лица што работат физичка работа, земјоделци, лица кои се изложени на хемикалии, наставници и воспитувачи кои користат креда, сунѓер, дезинфекција…
🟢 Црвенило и чешање кај деца, од потење или пелени (пеленски дерматит)
🟢 Кожа надразнета од заштитни маски, особено кај здравствени работници
🟢 Сува кожа кај медицински лица што постојано мијат раце и носат ракавици
🟢 По мали хируршки интервенции како отстранување на атероми, вадење папиломи, или после породување, како смирувачка и заштитна нега
🟢 Кај лежечки пациенти за превенција од декубити
🟢 Оштетена кожа од ладно, ветер или изложеност на сонце
🟢 По користење на сапуни што ја сушат кожа
🟢 Иритации од облека, градници, ластик или потење во превои
🟢 Реакции после користење средства за чистење (домаќинки, готвачи, хигиеничарки)
🟢 Кај почетни знаци на херпес на уста, и за побрзо заздравување ако веќе се појави
🟢 Кај изгореници од зејтин не остава плик и црвенило ако се нанесе веднаш
🟢 Кај автомеханичари, фризери и сите што користат агресивни средства
🟢 Го намалува отокот кај уморни нозе после цел ден стоењеи сите што користат агресивни средства
🟢 Го намалува црвенилото и чешањето после убод од комарец, полазано од некој друг инсект
🟢 Ублажува црвенило и иритацијата кај контактен дерматитис и блага егзема (мајасил), псоријаза, алергија на шминка или нешто друго, ижуркано од коприва
🟢 По вежбање, трчање или возење велосипед, на подрачја (пример препони) што се потат и трпат триење

🟢 Одлична е и за редовна нега на деца и возрасни со атописки дерматит

🗣️ Искусни корисници велат:

„Секој ден со маска и сапун. Рацете ми беа како пергамент. Кремава ми ја спаси кожата!“ – Калина, медицинска сестра од Скопје
🗣️ „На син ми акните му беа кошмар. Сега се мие со антибактерискиот течен сапун и ја мачка оваа крема – и кожата му се смири.“ – Маја, Нови Сад
🗣️ „Рацете ми беа ипукнани од уље и хемикалии – автомеханичар сум. Сега се мазни, просто не ми се верува, можам да ја погалам сопругата без да ја изгребам!“ – Ален од Црна Гора
🗣️ „Имав атером на препони. После чистење користев антибактериски течен сапун и семејна крема. Немаше воспаление, заздраве многу брзо.“ – Џемила од Белград
🗣️ „Баба ми лежи со денови. Почнаа црвени предекубитални регии да се прават, а со оваа крема сè се смири.“ – Ивана од Хрватска
🗣️ „Ќерка ми сега се учи да вози точаче на 2 тркала, паѓа често и си ги повредува колената и лактите, но тука е мелемската комбинација на Лимес, миеме со антибактериски течен сапун и мачкаме со семејна крема, и раните заздравуваат експресно.“ – Амина од Босна

🛒 Купи ја сега – директно, без чекање и со можност за попуст

🛍️ Нарачај ја тука 
Набавна цена достапна само за регистрирани Лимес корисници
🚚 Бесплатна достава за нарачки над 1800 денари само за регистрирани Лимес корисници

  Limes Koncentrat za staklo

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ