СОСТАВ:
- Urtica dioica L., Rosa canina, Agrimonia eupatoria, Hypericum perforatum, Thymus serpyllum, Salvia officinalis.
Содржи коприва, шипка, петровац, кантарион, мајчина душица, жалфија.
Копривата е природен диуретик и помага да се исфрли вишокот вода од телото. Оваа билка е одлична за детоксикација и е докажано дека го забрзува метаболизмот.
Шипката содржи тилирозид – антиоксиданс кој може да го поттикне топењето на масните наслаги во телото. Шипката помага да се намали надуеноста на желудникот и го подобрува варењето.
Петровац позитивно влијае на цревната флора.
Кантарионот содржи хиперфорин, состојка која го спречува разградувањето на серотонин, хормонот одговорен за доброто расположение, што резултира со намалување на апетитот и потреба од прекумерно и неконтролирано внесување храна.
Мајчината душица содржи тимол, благодарение на кој има силни антиоксидантни својства и го чисти целото тело. Оваа билка го потиснува апетитот, ја намалува потребата за грицки и ја зголемува енергијата. Ја забрзува работата на метаболизмот, а со тоа помага во побрзо согорување на насобраните масти.
Жалфијата содржи малку јаглехидрати, а нејзините антиоксидантни својства можат да помогнат да се стимулира спориот метаболизам и да се намали дебелината.
ДЕЈСТВО:
- Придонесува за брзо и ефикасно воспоставување на рамнотежа во организмот и го забрзува метаболизмот. Брзината на метаболизмот е вистинскиот клуч за брзо и ефикасно согорување на мастите
- Се пие за време на оброците во комбинација со јаболков оцет. Така се намалува волуменот во желудникот за внесување храна, храната се навлажнува со чај, што го олеснува варењето, а јаболковиот оцет го согорува вишокот масно ткиво
- Не содржи агресивни растенија за варење како што е сена.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Во 1 литар топла вода ставете две кесички чај и оставете да зоврие. Кога ќе се излади, извадете ги кесичките. Ставете една лажичка јаболков оцет во 2 dcl чај и пијте за време на оброците и помеѓу оброците кога чувствувате глад.
Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.
Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.
Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата