СОСТАВ:
Производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед.
Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, негува и ја штити косата и кожата на главата.
Екстрактот на камилица (Chamomilla Matricaria) делува смирувачки и антибактериски.
ДЕЈСТВО:
Производот е наменет за нега на сите типови на коса. Посебно дејство има на сува, оштетена, фарбана коса, коса третирана со разни киселини, мини вал. Одличен за расчешлување на виткана коса дури и кај мали дечиња.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Се нанесува на сува или пак на влажна коса, се остава неколку минути да делува (во зависност од типот и степенот на оштетување на косата), а потоа се плакни со вода. Во комбинација со шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. После миење на косата, може да се втрие во коренот на косата и да се остави да одстои, што ќе делува до следното миење на косата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата