СЕЛЕКТА концентрати за перење облека и отстранување флеки

Високо концентрирани производи на база на билки, кои се безбедни и за мали деца, имаат нежен мирис, го олеснуваат пеглањето, ја заштитуваат облеката.

9006 Концентрат за облека 500мл

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи. Се употребува за рачно и машинско перење на облека. Погоден е за нежни ткаенини и ткаенини во боја. Се употребува за сите видови на памучна, синтетичка, целулозна и свилена облека. Одлично ги отстранува сите видови на нечистотии. Еколошки производ, без алкали и фосфати. Прочитај повеќе…

9012 Оплеменувач за облека 500мл

Содржи екстракт на див костен и мирис на бохор. Дивиот костен делува на грињите и молците. Се употребува за сите видови на памучна, волнена, синтетичка, целулозна и свилена облека. Го олеснува пеглањето, ги освежува боите, го продолжува векот на траење на облеката, го намалува статичкиот електрицитет. Прочитај повеќе…

9005 Омекнувач за облека 500мл 

Содржи екстракт на босилек и мирис на јоргован. На облеката и ја дава потребната мекост и долготрајна свежина. Го намалува статичкиот електрицитет, туткањето и значително го олеснува пеглањето. Ја зголемува моќта на впивање и го продолжува векот на траење на облеката. Прочитај повеќе…

9010 Концентрат за флеки 150мл

Биоразградив, без алкалии и фосфати. Концентратот е наменет за отстранување на флеки од: ткаенини, облека, теписи, мебел и друг текстил. Средството отстранува мрсни флеки, флеки од чоколадо, кармин, пенкало, кафе, крв итн. Прочитај повеќе…