9006 Концентрат за облека, 500мл - 439 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи.

ДЕЈСТВО:

Се употребува за рачно и машинско перење на облека. Погоден е за нежни ткаенини и ткаенини во боја.

Се употребува за сите видови на памучна, синтетичка, целулозна и свилена облека.

Уникатните состојки на детергентот даваат белина и светлина на  боите, давајќи им исклучителна свежина и сјај. Одлично ги отстранува сите видови на нечистотии. Активните материи во него ги напаѓаат тврдокорните дамки, ги разградуваат и ги отстрануваат.

Детергентот брзо се раствора  во вода, одлично се плакне и не остава траги на ткаенината. Не ја иритира кожата на рацете. Подеднакво добро пере на сите температури независно од тврдината на водата. Еколошки производ, без алкали и фосфати, пријател на Вашите раце и животната средина.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кај машинско перење на облека до 60° С за шарена и малку извалкана бела облека, во преградата за прашок ставаме 2-3 капачиња од детергентот, зависно од количината и извалканоста на облеката. За рачно перење дозата сами ја одредуваме.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Може да се употребува за вриење и перење на многу извалкана бела облека во комбинација со универзалниот концентрат. Ја чисти и штити машината од каменец.
  • Со употреба на концентратот за облека и обврзно додавање на омекнувач или оплеменувач се намалуваат алергиите и воспаленијата на кожата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.