Probavit caj Limes Mk Bibi
9602 Билна мешавина со кичица (црвен кантарион) и подабиче - Пробавит чај, 40 кесички

СОСТАВ:

  • Centaurium erythraea, Teucrium chamaedrys, Agrimonia eupatoria, Mentha piperita, Hypericum perforatum, Artemisia absinthium, Salvia officinalis.

Петровец, кичица (црвен кантарион или грозничавче), пелин, црвено подабиче (ива трева), жалфија, нане, кантарион

Кичица (црвен кантарион) содржи горчливи гликозиди, флавоноиди, амарогентин и гентиопикрозид кои го олеснуваат варењето додека хранливите материи оптимално се апсорбираат. Помага во враќање на рамнотежата на стомачната киселина и го подобрува метаболизмот на протеините.

Подабиче помага за подобрување на апетитот, ја намалува желудочната киселина, како и болките во стомакот.

Петровец помага при тешкотии предизвикани од зголемена киселина во желудникот – гастритис.

Нането го зајакнува желудникот и цревата и помага при симптоми на лошо варење: грчеви, надуеност, стомачни тегоби, киселина, иритација на цревата, повраќање и опстипација.

Кантарионот помага при варење или непријатност во желудникот.

Пелинот содржи гликозиди и горчливи материи. Помага при надуеност и проблеми со варењето.

Жалфијата помага при надуеност, гастритис, дијареа, гасови и киселина.

ДЕЈСТВО:

  • Помага во смирување на стомачните заболувања и болестите на дигестивниот систем
  • Го намалува лачењето на желудочната киселина и го неутрализира нејзиното дејство
  • Непријатностите предизвикани од консумирањето на „тешки“ јадења и сува храна се намалуваат со конзумирањето на овој чај
  • Извонредната комбинација на растенија поволно делува на дигестивниот систем
  • Помага при тегоби предизвикани од гастритис, чир на желудникот, како и болки во стомакот, варење, надуеност, мачнина и опстипација

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една кесичка во 2-3 децилитри вода. Се пие незасладен, во што помали количини и задолжително при јаки болки. Се пие изладен. Содржината на кесичката може да се размати во јогурт и да се испие.

Напомена: Не се препорачува за време на бременост и доење, како и за деца под 12 години. Ако користите редовна терапија со лекови, најдобро е да се консултирате со лекар или фармацевт пред да ја користите билната смеса.

Оваа информација не е замена за професионалното мислење на вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник во оваа област.

 

Доколку имате прашање во врска со производот или начинот на кој може да го добиете, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.