9215 Крема за нега на коса Брилијантин, 150мл - 513 денари

СОСТАВ:

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Кремата е произведена по СПА принципи, ја враќа влажноста и еластичноста на косата. Во нејзиниот состав влегуваат посебно одбрани суровини, Д-пантенол и активни компоненти на коприва и невен.

ДЕЈСТВО:

Кремата е погодна за нега на коса со оглед на тоа дека надворешната фаза ја сочинува водата која ја враќа еластичноста на влакното. Масните компоненти на косата и даваат сјај и ги обвиткуваат влакната, додека емулгаторот овозможува влажнење на косата и лесно нанесување на препаратот. Кремата ја негува косата, и дава сјај и овозможува лесно чешлање. Со употреба на кремата косата станува сјајна, убава и здрава.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кремата се нанесува на сува коса, не ја лепи косата и лесно се плакне. Активните принципи: коприва, невен и Д-пантенол, заедно со масните материи, ја регенерираат оштетената коса, ја хранат и негуваат, делуваат на влакното, ја забрзуваат циркулацијата на крвта, со што се поттикнува развој на ќелиите и побрз раст на косата.

Continue Reading Крема за нега на коса Брилијантин
Шампон за масна коса (9103) 500мл - 299 денар, (9104) 250мл - 197 денари

СОСТАВ:

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.

Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата.Богата е со калциум, фосфор, железо, натриум , а содржи и витамини Ц, А, Б и К. Копривата продира до лојните жлезди, го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуваат кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.

Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата. Активниот принцип го дава етеричното масло кое е составено од терпентински јаглеводороди и смола која во себе содржи кетони и феноли. Хмељот е антисептик,  смирува и тонизира.

Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Содржи етерично масло, танин, витамин Ц, восок, трипертенски алкохол. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење  на масните материи.

Како доаѓа до проблем со мрсна коса? Мрсната коса ја предизвикува претераното лачење на лојните жлезди, како последица на стрес, лоша исхрана, гени, хормонско пореметување. Косата брзо се мрси и покрај редовно миење и го отежнува обликувањето на фризура. Изгледа неуредно и се раздвојува на прамени.

ДЕЈСТВО:

  • Ја намалува маснотијата
  • Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
  • Косата станува мека и мазна
  • Се намалува бројот на миења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.

Препорака: Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за масна коса
Шампон за секој ден (9105) 500мл - 299 денар, (9106) 250мл - 199 денари

СОСТАВ:

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин.

Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.

Копривата (urtica dioica) е одлична против опаѓање на косата. Исклучително здрава билка богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, а содржи и витамини Ц, А, Б2,К, и каротин, магнезиум, манган, натриум, калиум, калциум, фосфор. Копривата има моќ да продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво. Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.

Липа (tilia cordata) лековит дел на билката е цветот со прицветните листови. Содржи железо, калциум, соли на манган, етерично масло, флавоноиди, сапонини, гликозид, танин, полисахарид, витамин Ц. Ја опушта и смирува кожата и влакното.

ДЕЈСТВО:

  • Го јакне коренот на косата
  • Ја омекнува кожата на главата и косата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Дава волумен, сјај и лелеавост на косата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање. Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за секој ден за нормална коса