Шампон за масна коса (9103) 500мл - 299 денар, (9104) 250мл - 197 денари

СОСТАВ:

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.

Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата.Богата е со калциум, фосфор, железо, натриум , а содржи и витамини Ц, А, Б и К. Копривата продира до лојните жлезди, го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуваат кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.

Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата. Активниот принцип го дава етеричното масло кое е составено од терпентински јаглеводороди и смола која во себе содржи кетони и феноли. Хмељот е антисептик,  смирува и тонизира.

Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Содржи етерично масло, танин, витамин Ц, восок, трипертенски алкохол. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење  на масните материи.

Како доаѓа до проблем со мрсна коса? Мрсната коса ја предизвикува претераното лачење на лојните жлезди, како последица на стрес, лоша исхрана, гени, хормонско пореметување. Косата брзо се мрси и покрај редовно миење и го отежнува обликувањето на фризура. Изгледа неуредно и се раздвојува на прамени.

ДЕЈСТВО:

  • Ја намалува маснотијата
  • Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
  • Косата станува мека и мазна
  • Се намалува бројот на миења

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.

Препорака: Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.

Continue Reading Шампон за масна коса