РОСА колекција за нега и хигиена на заби и усна шуплина

Во огромната палета на производи на Лимес, не се изоставени секако ни производи за хигиена на уста и заби. Секако се работи за производи на база на многу лековити билки кои и порано се користеле во народната медицина за чистење на усната шуплина и забите. Нашите предци џвакале ливчиња од овие билки или пак правеле народни лекови за третирање на одредени проблеми во усната шуплина. Но сега нема потреба од сето тоа. Технолозите на Лимес ги издвоија сите лековити моќи на соодветните билки и ги вградија во производи кои високо котираат насекаде на балканот па и пошироко. Пробајте и ќе се воодушевите.

9301 Концентрирана паста за заби Росадент 100гр

Квалитетна паста со билни екстракти на кантарион, босилек, нане и жалфија, мирисни и лековити билки од подножјето на Стара планина. Содржи специјални полнила LP со заоблени честици кои даваат ефект на ,,меко“ чистење, без оштетување на површината на забите и во исто време делува како полирачко средство, а одлична е и при парадентоза. Прочитај повеќе…

9302 Концентрирана паста за заби Беладент 100гр

Содржи екстракти на лековити билки:  камилица, босилек, кантарион и жалфија. Квалитетна паста со антибактериски систем. На природен начин ги штити Вашите заби и непца. Го освежува здивот, има пријатен вкус и антибактериско дејство. Дава блескава белина на Вашите заби. Прочитај повеќе…

9306 Спреј за здив 25мл

Еколошко, антибактериско средство кое покрај квалитетните активни компоненти содржи екстракти на лековити билки:  кантарион, босилек, нане и жалфија. Се употребува за испирање на устата и грлото.  Многу е добар за заштита од настинки, за пушачи, асматичари. Прочитај повеќе…

9303 Росафреш водичка за плакнење на уста 80мл

Содржи активни компоненти и екстракти на лековити билки: босилек, кантарион, нане и жалфија. Водичката за уста ги плакне нечистотиите, односно талозите на забите и непцата, овозможува пријатен и свеж здив.  Делува антибактериски, штити од воспаление на грлото и непцата и помага во лечење на афти и ранички во устата, има и антисептичкото дејство, антимикробно, аналгетско и дезинфекционо дејство. Превентивно делува против кариес, спречува создавање на каменец. Прочитај повеќе…