9306 Спреј за здив, 25мл - 272 денари

СОСТАВ:

Еколошко, антибактериско средство кое покрај квалитетните активни компоненти содржи екстракти на лековити билки:  кантарион, босилек, нане и жалфија.

Босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).

Жалфија (Salviae Folium) е многу ароматична и има специфичен мирис. Се употребува како лек против воспаление на грлото и за лечење на дишните патишта. Делува смирувачки на воспаленијата на усната шуплина. Има антисептичко (спречува развој на микроорганизми), бактерицидно, антифлогистичко дејство ( благотворно делува на воспаленијата), освежува, смирува, ја зајакнува слузокожата.

Кантарион (Hupericium Perforatum)  има анелгетско, бактерицидно  и антивирусно дејство.

Нане (Menthae piperitae folium) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), анелгетски, антибактериски, смирувачки и антивирусно. Одлично е кај проблеми со непцата. Го неутрализира непријатниот здив од устата.

ДЕЈСТВО:

Се употребува за испирање на устата и грлото. Се наоѓа во пакување кое е веднаш спремно за употреба, а кога ќе се потроши содржината од шишенцето, потребно е да се направи раствор од концентрираната водичка за плакнење на уста РОСАФРЕШ и вода, содржината се става во шишенцето и се употребува. Многу е добар за заштита од настинки, за пушачите…

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се поставува на мала оддалеченост од местото што сакаме да го испрскаме, дали е тоа болен заб, непце, или директно кај крајниците или пак од подалеку во усната шуплина за поубав здив,  и се прска 1 до 2 пати, може да се повтори постапката по неколку пати во денот, зависно од потребата. Заменува неколку мастики.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Асматичарите може значително да ја намалат употребата на пумпица доколку го употребуваат спрејот за здив на Лимес.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.