9010 Концентрат за флеки, 150мл - 317 денари

СОСТАВ:

Биоразградив, без алкалии и фосфати.

ДЕЈСТВО:

Концентратот е наменет за отстранување на флеки од: ткаенини, облека, теписи, мебел и друг текстил. Средството отстранува мрсни флеки, флеки од чоколадо, кармин, пенкало, кафе, крв итн.

Концентратот делува на извалканото место така што реагира со супстанцата со која ткаенината или друга површина е извалкана, гради соединение со неа, најчесто сапун.

Ова соединение е растворливо и лесно се отстранува со топла вода така што флеката исчезнува. Средството за отстранување на флеки е така конципирано да дел реагира со извалканиот дел , а другиот дел го негува влакното така што му дава волумен и го добива првобитниот изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Употребата е едноставна. Средството се нанесува на флеката, се чека 10-15 минути ( во зависност од јачината на флеката) и потоа се пере со млака вода. Боите и сите видови на ткаенини се постојани на овој концентрат, но и покрај тоа препорачуваме, пред употреба да се направи тест на постојаност.  Доколку флеката и по третманот се забележува, постапката да се повтори во пократок временски интервал.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Ткаенина која примила боја при перење од други различни ткаенини, се доведува во првобитната состојба по третман со концентратот за флеки.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.