Шампон за сува коса (9101) 500 мл,  (9102) 250 мл

СОСТАВ:

Шампонот содржи екстракт на кантарион, невен и глицерин.

Кантарионот( hupericum perforatum) има силно бактерицидно и антивирусно дејство. Антисептик е. Го поттикнува лачењето на лојните жлезди. Ги лечи испуканите краеви на косата.

Екстрактот на невен (calendula officinalis) ја подобрува циркулацијата, ја храни кожата на главата и косата, а со самото тоа спречува нејзино сушење, пукање, кинење и цветање, на косата и дава мекост.

Како доаѓа до проблем со сува коса? Настанува обично кога лачењето на лојните жлезди е многу слабо – не лачат доволно масти па влакното на косата останува неподмачкано, неправилна исхрана, пореметување на хормоните. Сувата коса е без сјај, оштетена, кршлива и тенка, врвовите лесно се кршат и како таква таа  е многу проблематична за нега и обликување на фризура. Влакното по структура е шупливо, меѓутоа кога ќе дојде до запушување и ќе се затвори дотокот на кислород, косата почнува да ,,цвета“, што во голем случај се јавува кај лица со сува коса.

ДЕЈСТВО:

  • Го намалува кршењето и ја регенерира косата
  • На косата и ја враќа потребната маснотија и влажност
  • Косата станува сјајна и лелеава
  • Кожата станува мека и мазна

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. Шампонот се втријува во косата и кожата на главата, се остава да делува неколку минути и се плакни со вода. Заради тоа што содржи екстракт на кантарион се препорачува на лица со оштетена и фарбана коса. Шампонот на база на екстракт на невен и кантарион ја регенерира сувата коса и и дава нормален изглед. Мазна, мека и лелеава коса и по фенирање.

Препорака: На лицата кои имат проблем со сува коса не се препорачува нагло сушење и избелување бидејќи тоа дополнително ја суши, треба да се избегнува изложување на сонце и морска вода, да се намали бројот на миење. За да биде косата здрава многу е важно да се води сметка за исхраната и да се внесува доволно витамини и минерали.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.