9200 СПА крема, 100мл - 452 денари

За да биде кожата убава, здрава и негувана, потребно е да се хидрира и да се храни секојдневно. Кога кожата ќе ја изгуби својата природна влага, доаѓа до губење на еластичноста, па е неопходно да и се врати влагата во облик на хидратантни креми. СПА КРЕМАТА е дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува дневното губење на влага.

СОСТАВ:

Во кремата се вградени сок од краставица, екстракт на невен и јојоба масло. Моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките.

Краставицата содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата. Сокот од краставица со останатите состојки продира длабоко во кожата и овозможува долготрајна хидратација. Се цеди со ладна постапка и веднаш се вградува во кремата со што се сочувани сите активни материи. Активните принципи на краставицата во кремата делуваат дестимулативно на врзивното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што ќелиите набабруваат, кожата станува мазна, нежна и затегната.

Употребата на оваа крема спаѓа во СПА козметичка нега, што претставува модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сокот од краставица.

ДЕЈСТВО:

  • ја хидрира кожата на тој начин што ја зголемува природната влажност на кожата
  • ги отстранува недостатоците (црвенило, отоци, подуеност) и штити од слободни радикали
  • ги ублажува брчките – кожата станува затегната, кадифена и свежа- релаксира и ја штити кожата

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува два пати во текот на денот без оглед на типот на кожата, а по потреба и повеќе пати (за лица со сува и испукана кожа). Одговара на сите типови на кожа. Посебно се препорачува на лица со сува кожа, која лесно се лупи и е наклонета кон создавање на брчки. Што добива кожата со употреба на СПА кремата? Потребна количина на влага, и ја враќа природнната влажност и спречува понатамошно гувење на влагата. Кремата е идеална за ладниот период кога заради студот и ветрот кожата дополнително губи влага. Многу добро делува на воспалена и мрсна кожа пропратена со мозолчиња и митесери, бидејќи краставицата делува како чистач на кожата. Кожата станува затегната, мазна, свиленкаста и свежа.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.