9217 Природна крема – ноќна, 60мл - 793 денари

СОСТАВ:

Природната крема е составена од природни суровини: жолт пчелин восок, цетацеум, јојоба масло, прополис и екстракт на липа. Пчелиниот восок по хемиски состав е естер на палмитинска киселина и мелисилолалкохол, содржи и други естерефицирани масни киселини и алкохоли како и честички на полен. Прополисот во кремата е антиоксиданс и биостимуланс, а етерското масло на липата има смирувачко дејство на кожата. Производот од пчелите покрај останатото е составен од белковини со ретки и специфични амино киселини, витамини и антиоксидантни супстанции. Цетацеумот се добива од коските на черепон на китот. Јојоба маслото е од растително потекло.

Јојоба маслото е растителна смола која се добива од плодовите на едно мексиканско растение. Први го употребувале Индијанците за лечење на рани и како средство за дехидратација на кожата и косата, со оглед на тоа дека постојано биле изложени на сонце. Го нарекувале ,,Течно злато“ . Одличен е за дерматози, псоријаза, егзема, иритирана, испукана, сува кожа како и за сува и дехидрирана коса. Маслото од јојоба е отпорно на оксидација, содржи витамин Е кој делува како антиоксиданс, витамин Б комплекс, минерали силициум, бакар, хром, цинк и јод. Извонредно ја влажни и омекнува кожата така да создава немасен липиден слој и спречува губење на влагата, а потоа го омекнува ткивото. Со употреба на производи на база на масло од јојоба, кожата станува мека, фина и свиленкаста. Овозможува кожата слободно да диши, длабински ја храни, не ги затвора порите, а истовремено ги хидрира сувите делови на кожата. Поради големата содржина на јод има антимикробно дејство со кое се спречува развој на габички и бактерии на кожата. Се употребува при изгореници од сонце и кај испукана кожа. Маслото помага и за потемнување на кожата, а заштитниот фактор на маслото е приближно 4.

Прополисот е пчелин производ кој делува против бактерии, габички, воспаленија и вируси. Има анестетичко, антиоксидативно дејство, поттикнува регенерација на ткивата и го јакне имунолошкиот систем. Прополисот е смолеста супстанција која пчелите ја собираат од пупките и кората на дрвјата. Посебно својство на прополисот е што бактериите на него не создаваат отпорност и што нема штетни пропратни појави. Прополисот го подобрува метаболизмот на ќелиите, т.е ја забрзува делбата на ќелиите, што доведува до затегање на кожата.

Восокот ја прави кожата мазна и еластична, па со самото тоа влијае и ја зголемува отпорноста на кожните болести. Овозможува хидрирање на кожата.

Глицеринот ја прави кремата полесна и овозможува на кожата полесно да ја впие кремата и кожата добро да диши.

Д-пантенолот дополнително ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и мекост, што е посебно добро за сувата кожа.

ДЕЈСТВО:

Сите супстанции во кремата се така конципирани да кремата има антиоксидантско и биостимулативно дејство. Механизмот на делување на кожата е така конципиран да со нејзино нанесување создава полупропустлив филм за водата, при што овозможува водата од кремата со активните принципи да продира во подлабоките слоеви на кожата, ги храни ќелиите, ги неутрализира оксидационите ефекти на ќелиските мембрани, го успорува стареењето на ќелиите – го продолжува нивниот век. Со оглед на тоа што кремата содржи биолошки активни материи и е без конзерванси, бидејќи природниот восок во себе содржи мали количини мравја киселина, која на природен начин ја конзервира, може да ја наречеме – био крема ,, anti AGE” или третман производ, бидејќи нејзиниот ефикасен енергетски комплекс и ја враќа можноста на кожата да се регенерира и во подлабоките слоеви на епидермисот создава нови ќелии.

  • делува антиоксидантски и биостимулативно,
  • длабински го интензивира метаболизмот на клетките,
  • овозможува хидратација на кожата,
  • ги храни клетките на кожата, регенерира и го поттикнува создавањето нови,
  • го успорува стареењето на клетките- го продолжува нивниот век
  • со употреба на кремата кожата станува затегната, блескава и здрава

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Кремата се употребува навечер, а во зависност од типот на кожата може и преку ден. Се нанесува на претходно исчистена кожа со благо втривање, со што се овозможува длабинско делување во поглед на интензивирање на метаболизмот на клетките. Многу е хранлива и мрсна и затоа за еден дневен третман е потребна многу мала количина од кремата. Посебно се препорачува на лица со сува, испукана кожа. Кај сувиот тип на кожа дополнително ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и мекост поради содржината на Д- пантенол.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.