- Post Author:ЛимесМкБиби
- Post published:16/07/2019
- Post Category:Жени / Козметика / Колекција РОСА / Коса / Мажи / Нега
- Post Comments:0 Comments
СОСТАВ:
Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон.
Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното (за кератинот) и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.
Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.
Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелиите, а со самото тоа и раст на косата.
Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.
ДЕЈСТВО:
Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.
Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата