9216 Гел за коса, 250мл - 329 денари

СОСТАВ:

Содржи коприва, алкохол, глицерин, д-пантенол, карбомер, поливинил пиролидон.

Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното (за кератинот) и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.

Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.

Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува  екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелиите, а со самото тоа и раст на косата.

Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.

ДЕЈСТВО:

Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура. Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
ако нарачувате производ, ве молиме доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Доколку порачате производ, ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска за да се договорите околу начинот на достава.