9303 Росафреш водичка за плакнење на уста, 80 мл

СОСТАВ:

Содржи активни компоненти и екстракти на лековити билки: босилек, кантарион, нане и жалфија. Во секојдневната грижа за здравјето на усната шуплина, задолжителен дел од приборот за хигиена се четката за заби, пастата за заби, забниот конец и водичката за плакнење на устата.

ДЕЈСТВО:

Водичката за уста ги плакни нечистотиите, односно талозите на забите и непцата, овозможува пријатен и свеж здив. Непријатниот здив во устата може да биде последица на лоша орална хигиена, наслаги на забите и остатоци од храна на рапавата површина на слузницата на јазикот со чие гниење настанува непријатен мирис во устата. Активните супстанции на босилек, кантарион, жалфија и нане делуваат антибактериски, штитат од воспаление на грлото и непцата и помагаат во лечење на афти и ранички во устата. Превентивно делува против кариес, спречува создавање на каменец и го отстранува непријатниот здив.

Етеричното масло на нането содржи ментол кој има изразено бактерицидно дејство па со тоа супстанцијата е погодна за дезинфекција. Ментолот е јак ароматик кој ги дразни нервите, лесно испарува и заради тоа лади поради што е јак анестетик.

Кантарионот  одличен е за кожата и слузокожата, има анелгетско, бактерицидно  и антивирусно дејство.

Додатокот на жалфија го зголемува антисептичкото дејство бидејќи жалфијата содржи етерично масло кое е богато со тујон, камфор, а содржи и танини. Има докажано антимикробно дејство на некои бактерии и габички. Поволно влијае на лечење на разни инфекции и рани.

Босилекот содржи етерични масла, танин, сапонин, витамини Б1, Ц и каротен и дава јак, ароматичен мирис. Исто така има антисептички и својства на конзерванс бидејќи спречува развој на многу микроорганизми и ги уништува.

Росафреш водичката има силно антибактериско дејство и пријатен вкус. Го освежува здивот. Со инхалирање на Росафреш водичката ќе се ослободите од кивавица и синуси.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Во 10-20мл вода се раствораат 5-10 капки од РОСАФРЕШ концентратот и се врши плакнење на устата и грлото.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА НА ПОТРОШУВАЧИ:

  • Помага при повлекување на отоци кои настануваат при долго стоење и седење.
  • Успешно се применува кај хронични болки во зглобовите и главоболка. Се втрива водичката на болното место и болките исчезнуваат по неколку минути
  • Се употребува за намалување на температура кај децата
  • Кај децата го олеснува проблемот при растењето на забите. Потребно е болните непца да се намачкаат со фреш водичката
  • Разблажен Росафреш може да се користи за плакнење на уши

Доколку имате прашање во врска со производот, или сакате да го нарачате, пополнете ја формата  

со оставање на вашата е-пошта се согласувате повремено да добивате известувања од Лимес MK
доколку сакате побрза комуникација, оставете телефонски број во порака (не е задолжително, оставате по ваша желба и тој ќе биде искористен за комуникација поврзана исклучиво со лимес производите). Ќе ве исконтактира член на Лимес од мрежата на тим лидерот Билјана Анчевска.